Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Интеграција на Ромите
пронајди

ОДРЖАНА ПОЧЕТНА ОБУКА ЗА ФАЦИЛИТАТОРИ И АНИМАТОРИ ВО РОМСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Од 12 до 16 октомври 2016 година, во хотелот Романтик во Велес, се одржа почетна обука за фацилитатори и аниматори во ромските заедници наменета за  претставници на организациите Центар за демократски развој и иницијативи во Mакедонија - ЦДРИМ, НВО КХАМ - Делчево и Иницијатива за развој и инклузија на заедниците ИРИЗ, како и за претставници на ромската заедница од Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник.

Обуката ја спроведе Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) во рамки на концептот Интеграција на Ромите.

На обуката беа присутни 44 лица кои во наредниот период ќе работат на спроведување на активности од интегрираниот концепт за социјална отчетност и правно зајакнување.

Обуката имаше за цел градење на капацитетите на лицата кои ги спроведуваат активностите од интегрираниот концепт за социјална отчетност и правно зајакнување во следните области: здравјето како концепт; право на здравје; заштита на здравствени права; здравствено осигурување; организација и финансирање на националниот здравствен систем (организација на здравствениот систем, здравствени услуги на различни нивоа, клучни надлежности на институциите, спроведување на буџетски процес, финансиски средства кои се користат за спроведување на здравствените услуги); здравје на мајките и децата (антенатална здравствена заштита, вакцинација, патронажа, систематски прегледи) и женско и репродуктивно здравје (концепт и поим на женско здравје и репродуктивно здравје, гинеколошка здравствена заштита, антенатална здравствена заштита, скрининг за рак на грло на матка, скрининг за рак на дојка).

Дополнително, обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на организациите за спроведување на прашалник во заедницата, како и заедничка подготовка на план за идни чекори во работата.

Клучни зборови

| роми | обука