Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општина по мерка на граѓаните
пронајди

ОДРЖАН ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА СТРУГА

На 17 октомври 2016 година, во Општина Струга се одржа граѓански форум на кој учесниците имаа можност да гласаат за предложените проекти од акциските планови за образование, млади, социјална заштита и соработка со граѓанскиот сектор. На почеток на реализација на форумот, претставникот од Општина Струга, Владислав Жупан, пред присутните даде извештај за текот на реализацијата и резултатите од проектот којшто беше избран на форумот во 2015 година, а се однесува на замена на азбестниот покрив на градинката во Струга. Тој напомена дека општината за имплементација на проектот одвоила и дополнителни средства од одобрените на форумот со цел да се обезбеди квалитет и потполно завршување на активностите.

На форумот од страна на вработените во општинската администрација пред присутните граѓани беа претставени по два проекти од секоја област. По гласањето од страна на учесниците за најприоритетен е избран проектот за набавка на монтажни контејнери за детската градинка од акцискиот план за социјална заштита. Целта на проектот е да помогне во решавање на проблемот од недостиг на простор за сместување на деца од предучилишна возраст. 

Граѓанските форуми се алатка со која граѓаните имаат можност директно да учествуваат во процесите на одлучување заедно со општинската администрација за мерки и активности коишто се од нивен интерес. Во овој случај Општина Струга и Фондацијата Отворено општество - Македонија учествуваат во кофинансирањето на одбраниот приоритетен проект во рамки на концептот Општина по мерка на граѓаните.