Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Унапредување на човековите права во здравството
пронајди

ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ КАКО АПСОЛУТНА ПОТРЕБА И ЧОВЕКОВО ПРАВО

Од проекциите на документарниот филм за правата на лицата со попреченост „Слободни“ на Томислав Жаја

На 4, 5 и 6 октомври 2016, во Бизнис салата на Скопскиот саем и во Домот на АРМ, се одржаа три проекции на повеќепати наградуваниот документарен филм „Слободни“, од хрватскиот режисер Томислав Жаја, а во организација на СОЛЕМ - здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби и Фондацијата Отворено општество - Македонија. „Слободни“ следи група луѓе со интелектуална попреченост кои се институционализирани во хрватските институции и ги прикажува почетоците на нивниот самостоен живот и патот до слободата.

На првата проекцијата беа присутни околу 60 претставници од владините институции (Министерството за труд и социјална политика, Центри за социјални работи, згрижувачки центри и установи), партнерски граѓански организации и претставници на лицата со попреченост. Додека останатите две проекции беа прикажани на групи од 100 средношколци и 40 студенти од Факултетот за дефектологија и Факултетот за психологија. 

По проекциите беа отворени дискусии на кои учествуваше и режисерот Томислав Жаја.

- Деинституционализацијата е долготраен процес, но вреди за сите потрошени ресурси и време. Со текот на времето, на луѓето со интелектуални потешкотии им е потребна сè помалку поддршка за самостоен живот, а некои од нив станаа и омилени членови на заедницата. Од друга страна, според истражувањата, заводите за лицата со интелектуална попреченост се многу скапи за државата, а системот на живот во локалната заедница е до 20% поефтин – истакна тој.

За значењето на овој процес на деинституционализација и зошто е неопходно тој да продолжи и да ги опфати сите институционализирани лица, говореше Искра Росо од организацијата СОЛЕМ, која го поддржува процесот на деинституционализација на лица со интелектуална попреченост во Република Македонија преку нивно активно вклучување во програмите на кои работи. 

- Деинституционализацијата не е едноставно преселување на лицата со интелектуална попреченост од установа во локалните заедници. Тоа значи и обезбедување на услуги со кои би се помогнала нивната интеграција во локалната средина и нивната социјализација. Како професионалци кои неколку години активно работат со возрасни лица со интелектуална попреченост, увидовме дека многу малку се работи на нивното зајкнување како личности кои имаат можност за преземање на контола врз сопствениот живот. Поради тоа, Здружение СОЛЕМ ги воведе и работи со програмите за самоодредување и самозастапување за возрасни лица со интелектуална попреченост, водејќи се од идејата дека лицата со интелектуална попреченост може и мора да бидат рамноправни членови во нашето општество – потенцираше Росо. 

Во Македонија, процесот на деинституционализација на Специјалниот завод Демир Капија е започнат од 2008 година, на иницијатива на Програмата за јавно здравство при Фондациите Отворено општество од Њујорк, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Сепак, до 2015 година, само 55 лица го имаат напуштено заводот и живеат во системот за организирано домување со поддршка. Неохподно е oвој процес на деинституционализација да продолжи и опфатот на лица да биде 100%. 

Кон крајот на јануари 2017 година планирани се проекции на уште пет документарни филмови од опусот на Томислав Жаја а во врска со вклучување на лицата со интелектуална попреченост во социјалното прептприемништво, дизајн, креации и вработување.


Клучни зборови

| јавно здравство