Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Образование
пронајди

Поддршката за учениците од ранливите групи не е квалитетна

Нееднакво толкување на законските прописи во однос на спроведувањето на дополнителната настава како механизам за поддршка на учениците со слаби постигања во училиштата, во Македонија од една страна, како и влошените резултати на нашите ученици според меѓународните истражувања, од друга страна, претставуваа поттик за Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ),  да направи две длабински анализи за образованието на учениците со ниски постигања,  како дел од проектот „Програма за образование на Роми“, ко-финансиран со Детската фондација „Песталоци“.

Појдовна точка и на двете анализи што се работеа кон крајот на 2012 година, се еднаквите права на образование на децата. Првата анализа се темели на емпириско-теренско истражување, фокусирано на учениците со ниски постигања во учењето, а цел на истражувањето е да се испитаат ефектите од дополнителната настава, односно дали и колку законските измени внесоа подобрување во квалитетот на образованието на учениците со ниски постигања. Втората компаративна анализа „Мерки за поддршка на учениците со ниски постигања“, дава преглед на мерките што се преземаат од страна на различни земји, за да им се помогне на учениците со ниски постигања и да се дадат предлози за мерки што би биле најсоодветни или неопходни за македонскиот образовен систем. Посебен фокус на овие истражувања е ставен на учениците кои доаѓаат од ранливите групи на население.

Општ заклучок е дека поддршката на учениците од ранливите групи во образованието не е суштинска и квалитетна. Многу од овие деца и натаму се оставени да се снаоѓаат во неинклузивниот образовен систем, а последиците се исклучително негативни. Всушност, овие деца се минимално вклучени на часовите од редовната настава, кога усвојуваат  нови знаења.

Како еден од главните проблеми поврзани со дополнителната настава, но секако и со образованието во целина, е тоа што не се обезбедени доволно услови за редовно следење на наставата на сите ученици: „За послабите ученици, слабиот успех се должи и на тоа што се нередовни на училиште, значи ако се нередовни на редовна настава не можеме да очекуваме да бидат редовни на дополнителна настава, нема логика“ -изјава на анкетиран наставник. Училиштата се оставени самите на себе да се справат со сериозни општествено-економски проблеми. Такви се бројните случаи на малолетнички труд или повеќемесечните отсуства на ученици заради барање азил во други земји, од страна на нивните родители. Училиштата во многу случаи немаат механизми и инструменти како да обезбедат редовност, а со тоа и успех  на учениците.

Голем проблем претставува и начинот на кој се оценуваат учениците. Дури 78,4% од наставниците вклучени во анализата одговориле дека „често или многу често начинот на оценување го приспособуваат на нивото на знаење на учениците“. Ова претставува  исклучително штетна практика која создава затворен круг на однесување. Учениците одат на дополнителна настава со очекување само заради тоа да добијат преодна оценка, а наставниците, пак, за овие ученици ги снижуваат критериумите за оценување („Имам двојка затоа што одам на дополнителна настава по математика“ – изјава на еден анкетиран ученик). Ваквата појава при оценувањето не ја поттикнува мотивацијата кај учениците, туку, развива пасивен однос и неконструктивни ставови спрема учењето. Наведената практика, според анализата, е поизразена кај одделенските наставници и делумно кај наставниците по општествените предмети.

За да се надминат постојните проблеми потребно е: Предучилишното образование да биде бесплатно и задолжително, барем во последната година пред почетокот на училиштето; Училиштата да обезбедат широка лепеза активности и наставни пристапи (дополнителна работа со учениците за да се надминат пропустите и заостанувањето со наставниот материјал, вклученост на надворешни субјекти, на пример, доброволни здруженија да им помогнат на учениците во изработката на домашните задачи, вработување помошник-наставник, целодневна настава); Образовниот кадар да биде компетентен за спроведување наставна индивидуализација, затоа што прашањето на индивидуализацијата ги наведува стручните работници да размислуваат за тоа како да ги идентификуваат и со соодветна организација и дидактика да ги третираат индивидуалните разлики меѓу учениците, за да подготват квалитетни часови, кои ќе произведат квалитетно и одржливо знаење кај учениците; Да се адаптира информацискиот систем за  собирање и одржување база на податоци за децата кои го напуштиле училиштето или за кои постои ризик да го напуштат; Финансиска поддршка (на пример, ослободување од некои надомести, бесплатни учебници, бесплатен Интернет, шема за стипендии, учениците што посетуваат дополнителна настава треба да имаат бесплатен ручек пред почетокот на дополнителната настава, по дополнителната настава треба да се организира бесплатен јавен превоз итн.) и да се направата флексибилни патишта за влез до стручното образование (враќање во училиштата на младите кои се надвор од системот, програми „Втора шанса“ и др.).

Клучни зборови

| образование | анализа