Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

ЈАВНА ДЕБАТА И ПРОМОЦИЈА НА ДОКУМЕНТОТ „ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИСКАТА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА“

Соопштение за јавност






Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) на 15-ти септември 2016 година, во конференциската сала Милениум 1 во Холидеј ин, Скопје, организираше јавна дебата и промоција на документот „Предлог решенија за подобрување на инвестициската политика во Македонија“. На дебатата се презентираа предлог решенијата претставени во документот од страна на тимот на ЗМАИ и беа изложени мислењата на економски експерти за темата. Настанот и подготовката на документот се дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). 
Говорници на настанот беа: Горан Мојаноски, претставник на ЗМАИ, д-р Бранимир Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки и Иван В’чков, економски аналитичар во Finance Think. Модератор на настанот беше Васко Попетрески.

На настанот беа изнесени следниве ставови од страна на говорниците:

  • Горан Мојаноски потенцираше дека позначајно предлог решение е да се воведе реформа во администрацијата поврзана со инвестициската политика во Македонија. Тој го изнесе следново: Во рамки на изминатите истражувања увидовме дека  голем број индивидуални лица, институции и министерства се директно инволвирани во процесот на привлекување и администрирање на СДИ во Р. Македонија. Постоечкиот систем е децентрализиран, но прашањето е дали е поефективен и поефикасен доколку е централизиран во една институција. Податоците покажуваат дека не постои зголемување на обемот на СДИ, како последица на поголемиот број лица вклучени во процесот на привлекување. Од анализите може да се увиди дека обемот  на администрација задолжена за СДИ од 2007 до 2010 година е помал во однос на периодот од 2011 до денес. Во периодот од 2007 до 2010 година се привлечени 1,211 милијарди евра СДИ. Во периодот од 2011 до втората половина од 2016 година се привлечени 1,193 милијарди евра СДИ, односно за 18 милиони евра помалку, а имаме поголеми трошоци за привлекување на СДИ и пообемна администрација. Во периодот од 2007 до 2010 година трошоците за привлекување и субвенционирање на СДИ, развој на ТИР зони, економска промоција изнесуваат 71 милион евра, додека во периодот од 2011 до 2015 година трошоците достигнуваат 105,5 милиони евра. Севкупно за привлекување на СДИ, преку Владата на РМ, АСИПРИМ и ДТИРЗ во анализираниот период се потрошени 176,5 милиони евра. Оттука, како предлог решение е да се формира инвестициски фонд во РМ кој што ќе менаџира со инвестициите, генерално. Владата има две функции, едната е потрошувачка, а другата инвестициска. Тоа значи, да се издвои инвестициската функција од јавните финансии на јавниот сектор, од потрошувачката функција. На пример тоа би било доколку буџетот што го има Владата се троши само на плати и пензии, како основни функции на Владата, а инвестициската функција на Владата ќе биде поместена во некое ново тело кое што ќе биде независно, како примерот на Народна Банка. Доколку се формира државен инвестициски фонд, да ги управува сите работи врзани со инвестициите: привлекување на СДИ, јавни инвестиции, државна помош и поддршка на домашни приватни инвестиции. Институциите како ДТИРЗ и АСИПИРМ треба да бидат сектори или дирекции во тој фонд.
  • Бранимир Јовановиќ говореше за работничките права во странските директни инвестиции. Во однос на оваа тема ги изнесе следниве ставови: работниците работат повеќе од 40 часа неделно, работат и за празници и недели; вработувањата се на краток рок, најчесто се склучуваат на 1 месец; при барање подобри права, работникот не се отпушта туку му престанува договорот; условите за работа се можеби подобри од условите во домашните компании; законската регулатива е таква што на некој начин овозможува експлоатација на работниците; самите работници го прифаќаат тоа поданичко однесување; трудовата инспекција реагира на тој начин што само испраќа допис дека направила сè што е задолжена со закон; институциите кои се задолжени за заштита на работниците не функционираат и потфрлаат; при истражувањето е тешко да се најдат луѓе (работници) кои ќе разговараат и дадат мислење за работните услови.
  • Иван Вчков ги произнесе следниве препораки кои произлегуваат од спроведено истражување на ефектите на странските инвестиции од страна на институтот Finance Think: ако се поддржуваат компании од прехранбената индустрија тогаш субвенциите ќе дадат подобри резултати; главен двигател на економскиот раст во една држава е производствената индустрија, кај нас во последно време е градежништвото; доделувањето на субвенции само на странските инвестиции предизвикува нелојална конкуренција; подетално да се објаснат ставките во Буџетот и разните видови на помош кои фирмите ги добиваат; неопходна е континуирана модификација на стратегијата со цел да ги задоволи потребите на РМ.

Со свои мислења за темата во дебатата се вклучија и присутните. Петар Гошев ги изнесе следниве податоци: главната штета на проектот за привлекување на странски директни инвестиции е што е анти-пазарен и дискриминирачки, однсно носи корист само на мала група луѓе; проектот нема голем ефект врз намалувањето на невработеноста. Како индиректни податоци за остварувањата во економијата во периодот од 2004 до 2016 година може да се изнесе следново: од 2003 – 2006 јавниот долг се поместува 1.7 милијарди евра кон 1.8 милијарди евра, а просечната стапка на економски раст од 2003 до 2006 е 4.2%, од 2007 па до 2016 година просечната стапка на раст изнесува 2.9%, а јавниот долг е зголемен од 1.8 на 4.3 милјарди евра. Во периодот од 2007 до 2016 година постои многу поголем прилив на странски директни инвестиции и многу повеќе од дупло задолжување, но кога ќе го погледнеме растот на економијата дека е многу помал од периодот од 2003 до 2006 година може да заклучиме каков е ефектот од инвестициите и задолжувањето. 

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:
Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia