Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ОДРЖАНА 7-МАТА ИСТРАЖУВАЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Од 2 до 3 септември 2016 година во Тирана, Албанија, се одржа финалната Истражувачка конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан (РППИ) на која учествуваа преку 100 млади истражувачи од регионот и пошироко. Темата на овогодинешната конференција беше Европа во време на кризи.

Имајќи предвид дека трансформацијата на пост-комунистичкиот систем во земјите од Западен Балкан не е завршена, се бараше одговор на прашањето дали регионот се променил во политичка, економска и општествена смисла.

Конференцијата ја отвори Швајцарскиот амбасадор во Албанија, Н.Е. Кристоф Граф, а воведничар беше г-дин Душан Релјиќ раководител на Бриселската канцеларија при  Германски институт за меѓународни и безбедносни работи, по што следеа три панели на следниве теми:
Перспективите на балканските земји во време на европска несигурност;
Неформални институции, корупција и клиентализам во Западен Балкан;
Наследството на РППИ за Западен Балкан: Истражување во општествените науки во пост-конфликтен и трансформациски контекст.
Дополнително, беа  организирани и пет работилници и саем за истражување.

Повеќе информации на линкот.

Клучни зборови

| истражување | настан