Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ОДРЖАНА ДЕБАТА „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН ПРОЦЕС ЗА ОЦЕНКА НА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ“






На 27 април 2016 година, во 13.30 часот, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, се одржа дебата на тема „Обезбедување на висококвалитетен процес за оценка на научноистражувачки предлог-проекти“ организирана во рамки на Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан кој се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Воведничари на дебатата беа проф. д-р Мишо Докмановиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и м-р Елена Анчевска од Институтот за европска политика, а модератор беше проф. д-р Ветон Љатифи од Институтот „Макс ван дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа. 

Дебатата беше организирана во рамки на Националниот дијалог за унапредување на политиките во област на општествените науки а се фокусираше на процесот за оценка на научноистражувачките предлог-проекти.

Проф. Мишо Докмановиќ ја отвори дебатата со презентација на компаративните искуства на низа држави од регионот и Источна Европа а посебно се задржа на клучните елементи за оценка на научноистражувачки предлог-проекти, односно критериумите и принципите, бодувањето, телото за евалуација, евалуаторите/рецензентите, усогласувањето и објавувањето на резултатите.

Препораките на проф. Докмановиќ се однесуваа на намалување на бројот на критериуми за оценка на предлог-преоктите; промена на соодносот на критериуми во финалната оценка особено во контекст на квалитетот и иновативноста на проектите и профилот на истражувачкиот тим; формирање на независно тело за оценка на предлог-проекти; рецензентите да бидат меѓународни експерти; и објавување на резултатите треба да биде проследено со доставување на извештајот од евалуацијата на пријавата до сите апликанти.



Истражувачката Елена Анчевска, по презентација на резултатите од спроведеното истражување, препорача задолжително објавување на апликантите кои добиле финансиски средства (на пр. да се направи брошура со резиме на проектот и тимот); негативните одлуки не треба да бидат јавни, но сепак сите апликанти треба да бидат известени за одлуките; сите апликанти да добијат детален евалуционен извештај; организирање на промотивни и информативни настани (на пр. што е пресудно за добар проект); сè што е финансирано со државни средства треба да биде јавно достапно, како на на страната на Министерството за образование и наука (МОН), така и на веб-страниците на институциите; во насоките на повикот  јасно да се прецизира што се очекува како резултат од проектот; и создавања на база на податоци (open access): апликацијата за проектот, извештај за проектот, постигнати резултати.

По презентацијата следеа коментари и ставови на темата, како и други прашања од интерес на давесетмината присутни, инаку претставници на научноистражувачката заедница (про-ректори, професори, претставници на истражувачки организации/тинк-танкови и истражувачи), како и поранешни министри и заменици министри во МОН.

Клучни зборови

| ппир