Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ОДРЖАНА ДЕБАТА НА ТЕМА „ИСТРАЖУВАЊА И/ИЛИ НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА: КОЈ И КАКО ДА АПЛИЦИРА ВО МОН?“






На 5 април 2016 година, во 13.30 часот, во Јавна соба во Скопје, се одржа дебатата на тема „Истражувања и/или научни истражувања: Кој и како да аплицира во МОН?“ организирана во рамки на Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан кој се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оваа дебата се фокусираше на политиките поврзани со порцесот на апликација за научноистражувачки проекти во МОН кои треба да променат со цел да се одговори на потребата на научноистражувачката  јавност во Македонија. На настанот се обратија проф. Рената Дескоска, Собрание на Република Македонија, проф. Башким Зибери од Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и м-р Сања Спасова од Хелтгрупер – Скопје, а модератор на настанот беше проф. Снежана Билиќ од Меѓународниот балкански универзитет – Скопје.



Дебатата ја отвори Проф. Рената Десковска, заманик членка на собраниската  Комисија за образование, наука и спорт, која потенцираше дека Законот за научноистражувачка работа е хаотичен. Донесен е без претходна анализа и без направена проценка за влијанието на регулативата (RIA). Како последица на тоа овој закон е изменет девет пати за период од само шест години што дополнително го прави законот практично неприменлив. 

За да се унапреди генералната состојба во која се наоѓа научноистражувачката дејност, според професорката, потребна е политичка волја. Потребно е да се врати автономијата на универзитетите, да се намали административната оптовареност на научниот кадар и, конечно, да се направи нов Закон за научноистражувачка дејност. Новиот закон мора да биде донесен по јавна расправа во која ќе бидат вклучени универзитетите и останатите заинтересирани страни.



Проф. Башким Зибери, раководител на Истражувачкот центар при ДУТ, истакна дека постојат многубројни проблеми во областа на науката и образованието во Македонија. За нивно решавање проф. Зибери смета дека треба да се земат предвид добрите меѓународни практики. Министерството за образование и наука (МОН) мора да има посериозен пристап кога станува збор за дистрибуција на финансии за поддршка на научното истражување. Процесот мора да биде транспарентен, а апликантите да се информираат дали нивниот предлог-проект е прифатен или одбиен. Според професорот, конкурентноста е неопходна за развој на една држава и истата мора да се поддржи. Оттука, државните и приватните универзитети треба да имаат еднаков третман од страна на МОН. 

Истражувачката Сања Спасова, презентираше дел од резултатите од спроведеното истражување кое е направено за потребите на овој преокт. Дадените препораки се во насока на зголемување на буџетот за наука и истражување, креирање на транспарентен процес на апликација, како и проширување на листата на субјектите кои можат да се јават на конкурсите на МОН за финансирање на научноистражувачки проекти, особено осврнувајќи се на тинк-тенковите и индивидуалните истражувачи. Учеството на тинк-танковите би требало да се овозможи по дефинирање  и исполнување на одредени услови/критериуми.

Дебатата беше затворена по изнесените коментари и препораки од страна на гостите  во однос на транспарентноста на процесот за апликација, квалификуваните субјекти и други прашања од интерес.

На дебатата учествуваа околу дваесетина претставници на научноистражувачката заедница (про-ректори, професори, претставници на тинк-танкови и истражувачи).

Клучни зборови

| ппир