Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Хуманитарна и правна помош за мигрантите
пронајди

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ






На 20 јуни 2016 година (понеделник), со почеток во 17.30 часот, во Мобилната/Монтажната галерија ЦАЦ во Паркот на франкофонијата, се одржa настан за одбележување на Светскиот ден на бегалците, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Легис, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Младинскиот образовен форум. Согласно предвидената програма беа опфатени повеќе активности од кои за присутните впечатливи беа разговорот со нашиот гостин Бекр од Сирија, но непомалку интересни беа и јавната дискусија, отворената изложба, видео-проекциите кои се одвиваа во т.н. „Дневна соба“, а програмата заврши со извонредниот настап на младите и надежни музичари од Кочани и Гевгелија, „Мелек Таус“. 



Имајќи предвид дека политичката криза во државата ги доведува прашањата поврзани со луѓето кои се заглавени во кампови во Република Македонија, овој ден беше особено важен да биде одбележан, а со цел јавноста да биде информирана за тоа што се случува во пограничните кампови и Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово, Скопје. За таа цел јавната дискусија на тема „Право на азил во РМ: Дали пристапот до право на азил се претвори во нелегална размена и депортација помеѓу државите на Балканската рута?“ отвори сериозни дилеми во постапувањето со луѓето кои на различни начини пристапуваат кон територијата на Република Македонија. Дискусијата ја модерираше Ана Лазова Медарска, а учество во дискусијата земаа Трпе Стојановски, експерт за миграции, Снежана Теодосиевска Јорданоска, Народен Правобранител на РМ, одговорна во одделот за миграции, Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ и Зоран Дранговски, правен советник за азил и миграции. Заклучокот на дискусијата и покрај останатите дилеми за пристап до територија и арбитрерно лишување од слобода беше заеднички прифатен од дискутантите, а тоа е дека Република Македонија во овој момент повредува 11 од вкупно 14 членови на Европската Конвенција за човекови права за што може да сноси сериозни последици доколку продолжи со нелегална и масовна депортација на луѓе кои на различен начин влегле на нејзината територија. 



Следуваа изложба и јавна аукција на подарени фотографии од млади активисти на Младинскиот образовен форум и фотографите Наке Батев, Роберт Атанасовски, Лазар Симеонов и Борче Поповски. Тие отстапија авторски права на вкупно 12, додека младите активисти придонесоа со 37 фотографии направени во пограничните кампови или долж рутата во Македонија. 



Во дневната соба без разлика на концертот и јавната дискусија, сите присутни можеа да ги гледаат и слушаат животните приказни на луѓе кои престојуваат во пограничните кампови на северната и јужната граница во РМ преку слушалки.  Мелек Таус ни ги доближија звуците на Блискиот Исток преку инструменталниот и експерименталниот стил кој го негуваат или џез и блуз со примеси на ориентална музика.

Фото: Наташа Величковска

поврзани новости

нема поврзани новости