Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Хуманитарна и правна помош за мигрантите
пронајди

ОДРЖАНА ЈАВНА ДИСКУСИЈА „МЕДИУМИТЕ И БЕГАЛСКАТА КРИЗА: КОЈ И ЗОШТО ГИ ЗАБОРАВА ЗАБОРАВЕНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?“






На 27 мај 2016 година (петок), во ГЕМ клубот во Скопје, во 11 часот, се одржа јавната дискусија „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија?“, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Дискусијата ја модерираше Мухамед Зекири, уредник во ТВ Шења, а негови соговорници беа претставници на невладиниот сектор, дописници и новинари, и тоа Уранија Пировска, директорка на Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Светлана Антиќ Јовчевска, независен дописник од Куманово, Горан Наумовски, новинар од +Инфо  и Томислав Кежаровски, независен новинар.   

Дискусијата имаше за цел да поттикне интерес кај новинарите да известуваат за специфичностите на хуманитарната криза, наспроти безбедносните дискурси кои ги диктира Владата за што присутните беа согласни и констатираа низа пропусти, но и можности за истражувачите/новинари. Особено интересни беа поентите на Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, која истакна дека бегалците од медиумите биле и се поделени на две групи - класични бегалци и економски мигранти. За бегалците се известува само доколку има случаи со смртни последници, но  никој од новинарите не се интересира која е заднината на таа нечија смрт. - Кај нас се известува дека тие сакаат да ја окупираат Европа, дека ќе му наштетат на христијанството и слични сензационалистички вести. - истакна Пировска.



Новинарот Томислав Кежаровски оцени дека новинарите во земјава се изложени на низа притисоци и закани, тие се заглавени помеѓу интересите на сопствениците и политиката и се извршители на работите, а не новинари. За него впечатливо било известувањето за лажен случај на самозапалување во пограничниот камп Идомени во Грција од страна на државната телевизија. Не е дозволиво особено државен медиум да не прати своја екипа на терен и да се повикува на вести од портали како извор. Имено самозапалувањето и воопшто не се случило. Потоа Кежаровски додава, еден најнов пример: „Пред некој ден еден портал објави интервју со поранешниот премиер, а на тоа новинарско дело никој не се потпишал.“

Независната новинарка и дописничка од Куманово, Светлана Антиќ-Јовчевска, посочи дека во претходните бегалски кризи, новинарите и дописниците оделе на терен, а не седеле во канцеларии. Таа посочи дека со отпуштањата на дописниците и намалувањето на квалитетот на локалните медиуми исто така влијае на централните вести. Затоа аспектите на кризата кои се покриваат се безбедносни додека пак реалноста е поинаква. Таа вели: „Голем дел од бегалците кои се заглавени во околијата на Куманово, веќе со тек на времето создадоа пријателски односни и со локалното население во Табановце. Некои се до толку загрижени за нив бидејќи власта ги има заборавено, што велат дека ако оваа состојба продолжи тие ќе се грижат за нив.“



Горан Наумовски, новинар од +Инфо, истакна пак дека повеќето македонски новинари и медиуми за бегалците известуваат само за она што сметаат дека ќе им дозволи уредништвото. Се осврна на криумчарењето, криминалните групи и на трговијата со луѓе, особено дека активностите на криминалните групи, мора да функционираат со некаква поддршка од безбедносните структури: „Не може никаде, па ниту кај нас некој да биде успешен шверцер на бегалци без притоа да нема поддршка од одредена структура во МВР. Од нив сите профитираат, но за тоа многу малку се пишувало. Кај нас не е вест дека како риби сардини тие ги шверцуваат бегалците, не е вест и тоа дека полицијата не им кажува дека имаат право тие што ќе бидат откриени во земјава да побараат азил и тука да се згрижат.“

На крајот, Наумовски во дискусија со публиката додаде: „За медиумите не е вест и тоа дека на ниту едно бебе на бегалци кое е родено во земјава не му е дадено државјанство. Не е вест или тема за истражување како бедно живеат тие што побарале азил во земјава, и зошто после брзо време поради тие „убави“ услови бегаат при првата прилика.“


поврзани новости

нема поврзани новости