Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

АКЦИИ НА АЛУМНИСТИТЕ НА ШКОЛАТА ЗА АКТИВНО ГРАЃАНСТВО

Во рамки на Школата за активно граѓанство алумнистите спроведуваат акции со кои го реализираат во пракса она што го научиле за време на неколкуте обуки. Една од акциите која ја спроведуваат алумнистите се нарекува „Да разговараме“ и се состои од неколку емисии во кои се разговара со истакнати претставници за теми како што се граѓанско општество, младински активизам, човекови права итн. Видеата кои се направени во рамките на оваа акција можете да ги погледнете овде.

Граѓанско општество

Говорници: Марјан Забрчанец и Зоран Бојаровски
Водител: Џелал Хоџиќ

Во оваа емисија зборуваме за тоа што преставува граѓанското општество, која е неговата улога и кои се неговите функции. Укажуваме дека граѓанското општество функционира во вонредни услови, зошто е тоа така и дали во такви околности успева да биде коректор на власта. Македонија е земја во која нема попис на населението, како таквата состојба се одразува во работата на граѓанските организации. Каква е довребата во граѓанските организации, наспроти падот на довербата во државните институции. Во 2015 година бевме сведоци на голем број на протести, дали беа доволно масовни и како понатаму да се продолжи. На самиот крај зборуваме и за одговорноста на граѓаните да изнајдат начин да направат притисок врз државните институции за тие да бидат вистински сервис на граѓаните.




Mладински активизам

Говорници: Стефан Алексиќ и Дона Костуранова
Водител: Џелал Хоџиќ

Дали протестите на студентите ја сменија перцепцијата дека младите не ги интересира политика, дека им е полесно да се иселат отколку да се потрудат да ги менуваат нештата на подобро во својата држава? Дона Костуранова објаснува кои се проблемите со екстерното тестирање и како МОФ собра над 26.000 потписи на петицијата против екстерното тестирање. Во оваа емисија зборуваме и за Младинскиот образовен форум (МОФ), што работи и како функционира, како и за Националниот младински совет, зошто е формиран и која е неговата улога. Каква беше реакцијата во општеството откако Студентскиот пленум напрви експлозија на нова енергија со студенстките протести?




Човекови права

Говорници: Суад Мисини и Мирјана Најчевска
Водител: Џелал Хоџиќ

Што преставува концептот на човекови права? Свој поглед за тоа каква е состојбата со почитувањето човековите права во Македонија даваат Мирјана Најчевска и Суад Мисини. Според сите релевантни извештаи во затворите во нашата држава има политички затвореници. Дали им се кршеа човековите права на бегалците и мигрантите во Македонија? На дел од нашите граѓани, најчесто дел од ромската етничка заедница, не им се дозволува слободно да патуваат надвор од земјата, иако имаат регуларни патни исправи. Во нашето општетсво благодарение на лошите политики на власта бројот на луѓето кои се дел од маргинализирани заедници се зголемува. Дали додека зборувавме за колективни права ги загубивме и индивидуалните права?

Клучни зборови

| усаид