Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Хуманитарна и правна помош за мигрантите
пронајди

ОДБЕЛЕЖАН НА 18-ти ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РАБОТНИЦИТЕ-МИГРАНТИ И ЧЛЕНОВИ НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА






Граѓанските организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Република Македонија се приклучија кон основањето на транснационално движење #STATEOFSOLIDARITY. Како дел до движењето, но и како држава која е дел од т.н. западно-балканска рута низ која секојдневно минуваат илјадници гладни, уморни, обесправени и обезличени луѓе со различни потреби, заедно со останатите сојузници од над 10 држави од Европа и Турција го одбележија Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членови на нивните семејства.  Во петок, 18 декември 2015 година, со почеток од 13 часот започна „Марш за солидаризација“ со луѓето кои секојдневно ја минуваат т.н. западно-балканска рута. Активностите предвидени за овој ден вклучија и јавна дискусија на тема „Правните и хуманите аспекти на темната страна на Балканската рута“ која заврши со прикажување на краток документарец направен од страна на луѓето кои минале низ Република Македонија. Јавната дискусија и прикажувањето на документарецот се оддржаа во ГЕМ клубот во Скопје во попладневните часови.


  
Дополнително, партнерските организации и активистите ја промовираа пан-европската неформална мрежа #STATEOFSOLIDARITY и начините како да се вклучите индивидуално или пак во име на вашата организација за поддршка на нивните заедничко изградени ставови и препораки. Повеќе информации на http://stateofsolidarity.net/solidarity-beyond-borders/ .

Повикот за прогласување на општа СОСТОЈБА НА СОЛИДАРНОСТ, која ќе придонесе да изградиме и СОЛИДАРЕН СВЕТ и активностите предвидени за одбележување на 18-ти декември во Република Македонија ги поддржаа Хелсиншкиот комитет за човекови права, Легис-Скопје, ЛД Солидарност, Фондација Отворено општество - Македонија, Профицио, Скопје, Цивил – Центар за слобода, граѓанска платформа Aјде!/Hajde!, граѓанска платформа Граѓаните за Македонија, волонтери, активисти и други. 


поврзани новости

нема поврзани новости