Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

Дебата „Има ли излез од безизлезот!?“

Дали воопшто добивме препорака од Европската комисија?






На дебата организирана од Македонскиот Центар за Европско Образование (МЦЕО) и Фондацијата Oтворено општество – Македонија (ФООМ), на еден ден по објавување на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, група експерти дебатираа за клучните теми нотирани во извештајот, за судството, медиумите, економијата, изборите, соживотот.

Најкритички извештај досега, извештај за назадувањето кој утврдува фундаментални демократски недостатоци, беа само дел од коментарите на присутните говорници Бојан Маричиќ од МЦЕО, Гордана Бужаровска – академски професор, Арбен Таравари – академски професор, Васко Попетрески - новинар, Ермира Мехмети - пратеник и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Во анализата се издвоени четири заклучоци. Првиот заклучок е дека препораката за преговори е суспендирана и условена. Вториот заклучок е дека содржините на „бомбите“ се во фокусот на извештајот и имаат клучно влијание врз оцената. Според третиот заклучок, фискалната, економската и буџетската политика на Владата се спротивни на стратегијата за проширување на ЕУ, а последниот заклучок, според анализата, е дека граѓанското општество е важен фактор во решавањето на политичката криза.

Андреја Стојковски од МЦЕО, анализирајќи ги клучните препораки во Извештајот, подвлече дека споредено со други години Извештајот содржи бројни критики и запраша дали всушност се работи за извештај за напредокот на државата или за нејзиното назадувањето, со оглед на тоа што и самиот извештај пречесто, како поим, го нотира назадувањето во многу области кои се предмет на оценка од страна на Европската комисија.

„Дали вчера воопшто добивме препорака од Европската комисија? Или пак дали ова е извештај за напредокот или за назадувањето? Извештајот на Европската комисија за Македонија е за нејзиното назадување, а не напредок и покажува дека Европа ја загубила довербата која потоа тешко се стекнува“, нагласи Стојковски.

Стојковски објасни колку пати се среќаваат изразите во Извештајот кои го определуваат напредокот. Изразено во бројки годишниот напредок изгледа вака “Многу добар прогрес“  не се среќава ниту еднаш. „Добар прогрес“ - 4 пати. „Некаков прогрес“ - 41 пат. „Нема прогрес“ - 6 пати. А „Назадување“ -  дури 9 пати. 

Додека кај акумулативниот напредок, „Добро напреднато“ е употребено само 2 пати,  „Добро ниво на подготовка“ – 6 пати. „Умерено подготвени – 29 пати. „Одредено ниво на подготовка“ 10 пати. „Рана фаза“ – 8 пати. Според Стојковски ова значи дека генерална оценка за напредокот би била 3-ка, но ако се земе предвид колку време земјата е во евро-интегративниот процес, општата оценката  дури може да се земе како 2 кон 1.  
 
За Бојан Маричиќ, извршен директор на МЦЕО, ова е најкритичкиот извештај на ЕУ во последните седум години откако Македонија ја има препораката за преговори. 

Препораката е условена и суспендирана. Вистинска препорака ќе се даде дури идната година по изборите. Таа  препорака ќе биде условен од спроведувањето на договорот од Пржино, извештајот на Прибе, и организирањето фер и демократски избори, вели Бојан Маричиќ.

Според Маричиќ, политичката криза е во фокусот на овој извештај и доколку се чита извештајот внимателно, Европската комисија (ЕК) многу често се повикува на објавените разговори како извор на притисок врз судството и медиумите. Тој објаснува дека во економскиот критериум има сериозна критика за фискалната и економската политика на владата, посебно во транспарентноста на буџетското трошење и забелешки кон третманот на домашниот бизнис 

„Бидејќи извештајот е прилично јасен, многу конкретен и укажува конкретно кои владини институции, дури и кои владини претставници имаат најголема одговорност за ситуацијата во која се наоѓа државата, бидејќи немаше простор за спинување и прикажување дека е позитивен за владата, сега нема простор за поинаква интерпретација. Па логично беше тоа на кое често прибегнува владата во последно време, дека народот ќе одлучи, веројатно така и ќе биде, народот ќе одлучи идната година, во април 2016, но овој извештај треба да помогне исто така граѓаните да знаат што точно се случувало“ – рече Маричиќ во изјава за медиумите.
201
Пратеничката Ермира Мехмети вели дека извештајот е пишуван на најнедипломатскиот јазик до сега. Во извештајот не се нотира прогрес, туку стагнација, а во многу сфери се нотира и регрес, вели Мехмети.

„Да бев премиер, веднаш ќе дадев оставка после ваков извештај, со оглед на тоа што криминалите од прислушкуваните разговори се инкорпорирани во тој извештај како факти“, рече Мехмети.

Таа зборуваше за изборите и изборната реформа, за кои вели дека повеќе се зборува за формата отколку за содржината. Мехмети прашува и за тоа која е гаранцијата дека со промената на изборниот закон во листите на пратеници нема да се најдат повторно истите политичари коишто ја злоупотребуваат власта. 

„Тоа е извештај кој всушност не нотира прогрес, но за да бидам умерена, во изјавите би рекла дека ја нотира стагнацијата на државата. Во многу сфери нотира и регрес во реформите. Јас верувам дека сите слабости што ги изнесе извештајот треба да послужат како патоказ за надлежностите и задачите на идната техничка влада. Во предизборниот период има можност за корекција, но сето тоа ќе зависи од политичката волја“, рече Мехмети.

Ние ќе одиме на избори само со формални реформи доколку специјалното обвинителство во април не ги повика на одговорност сите вршители на јавни функции кои ги злоупотребија нивните положби. Сè додека сите не се соочат со одговорност, ние ќе имаме само делумна одговорност, Потребно е во периодот до изборите да се соочат со правдата и да одговараат сите што беа споменати во бомбите. - рече таа.

Арбен Таравари, генерален секретар на Движењето за реформи при ДПА, побара итно да се придвижиме кон решавање на проблемите, што ЕК го бара од државата. Според него политичката криза во која се наоѓа државата е најдлабоката од 2001 година до денеска. 
Според извештајот меѓуетничката состојба е многу кршлива, а за Травари тоа е реално отсликување на состојбата. Високата политика постојано ги прави тензични меѓуетничките односи. Тој предупредува дека секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од владините скандали се случуваат „драми“, како онаа во Куманово, во подрачја населени со Албанци. Сценаристите треба да се донесат пред органите на правдата. – порача тој. 

Последните три министри за економија се Албанци, посочува Травари, а нема ниту една развиена економска зона во подрачјата каде најмногу живеат Албанци. 

Травари најави дека се можни промени во „Алијансата на Албанците“.  „Политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА можно е и заеднички да настапат на следните парламентарни избори во април 2016. Постојат индикации и информации кои што ги имаме ние како партија, веќе постојат такви разговори за окрупнување на двете албански парламентарни партии и партијата која што е во владата, значи ВМРО -ДПМНЕ. Сите опции се отворени. Засега работиме на окрупнување на албанскиот опозициски фронт. Во Алијансата за Албанците веќе сме заедно со партијата на Руфи Османи, а сега сме во договори со БЕСА, но ќе видиме какви ќе бидат понатамошните чекори,“ -  изјави Таравари.

Како една од клучните теми беше издвоена ситуацијата во судството за која говореше професорката Гордана Бужаровска, членка на Управниот одбор на ФООМ, која истакна дека е сосема јасно дека ЕК порачува да се престане со носење на нови закони, туку тие да се применуваат.

Имаме толку независен Судски совет и Совет на обвинители, што ништо не зависи од нив, рече Бужаровска.

„Подготвеноста за европската агенда, не значи само да се штиклира кои сè закони ги имаме донесено. Законите немаме време да ги прочитаме, ниту пак ги читаат тие што ги гласаат. Законите не се ниту усогласени, ниту пак има репер за тоа што значи успех на законот и што е она што го очекуваме од еден таков закон. Мониторинг никаков, ни „е“ од евалуација. И затоа имаме ваков извештај. Колку и да сум тажна, јас воопшто не сум изненадена. Дури мислам дека на некои места во Извештајот – биле и преблаги“, вели професорката Гордана Лажетиќ – Бужаровска.

Според професорката, извештајот на Европската комисија потврдил дека има назадување во поделбата на власта, односно зголемено политичко влијание на извршната врз судската власт. Во таа насока, професорката посочи кон Судскиот совет, кој го оцени како тело кое, како што рече, е независно, но само затоа што ништо не зависи од него, туку од Владата.

„Во однос на Извештајот, во 2012 имаше мал напредок, додека пак во 2013 имаше одреден напредок. Потоа во 2014 имаше влошување, а сега имаме назадување. Значи, не може да биде појасно и поедноставно кажано. Дека немаме разлика меѓу државата и партијата, тоа ни е сосема јасно. Еве, сега гледаме дека и во делот на поделбата на власта прилично сме се уназадиле. Ние го сменивме системот на избор на судии, сè со цел, да се обезбеди ново тело, кое ќе биде „независно“. Да ви кажам искрено, долго време наназад говорам дека имаме такви независни тела што ништо не зависи од нив. И дефиницијава функционира – тие се толку независни што ништо не зависи од нив. Таков е случајот и со Судскиот совет и со Советот на јавните обвинители. Гледаме во што се претворија кутриве луѓе кои не се кадарни и не знаат како до крај да ја изведат функцијата на која се нафатиле“, истакна професорката Бужаровска.

Професорката со жалење констатира дека во Македонија е дојдено време кога, како што вели, царува незнаењето, а како репрезент на таквото незнаење, повторно го посочува Судскиот совет, за кој истакнува дека и според сите истражувања за правосудството бил оценет како еден од најголемите проблеми во судството.

Новинарот Васко Попетревски вели дека Европската Комисија продолжува да биде неконзистентна, нелогична, непостојана, за што дава и конкретни примери.

„Лани, ако ја читаме препораката за почеток на преговори, Комисијата бара од властите да преземат одлучувачки чекори за да ги адресираат загриженостите за растечката политизација и растечките недостатоци во врска со слободата на судството и слободата на изразување за да може препораката да остане следните години. Сега ги барам судството и медиумите во оваа година. За судството се вели дека бележи јасно назадување, за медиумите се вели дека ситуацијата бележи назадување. Дали решавачки чекори и назадување се синоними или се антоними?“, вели Попетревски и додава дека не е восхитен од овој извештај на ЕК.

Според Попетрески, ЕУ сака да се амнестира од соучеството во ова што се случува во Македонија.

 „Европската комисија имаше до сега шанса да одреагира многу порано, на многу посоодветен начин, да ги превенира дел од овие работи во оваа држава, бидејќи беше директно, јасно предупредувана од критичката јавност, дел од медиумите, дел од невладиниот сектор, дел од универзитетската фела, дека работите не одат како што треба, но таа мижеше, ги затвораше очите и сега се доведовме во ситуација во којашто сме.“ – вели новинарот Васко Попетрески.

Тој оцени дека запирањето на владините реклами во медиумите досега не промени многу, парите се префрлаат на други начини.

– Со реформи во јавниот сервис на краток рок, ништо не може да се добие, јавниот сервис е на маргините со три – четири отсто гледаност. Така што не разбирам како може фокусот да биде на јавниот сервис. Реформите можат да дадат резултат на долг рок. Според мене фокусот мора да биде на комерцијалните медиуми, на телевизиите. Да се види дали може да се реформира, а мислам дека мора да се реформира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, рече Попетревски.

Тој смета дека саморегулацијата кај македонските медиуми не фунционира и дека комерцијалните телевизии треба да се стават во законска рамка.

– Слободно изразена изборна волја значи коректно информиран гласач, кој е информиран на критички начин, не на критизерски начин, за тоа што се случува во општеството. Јас се плашам дека овој процес, бидејќи досега немаме никакви резултати, дека пржинскиот процес нас не нè води кон фер и демократски избори, додаде Попетревски.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации вели дека во извештајот има сериозни забелешки и за економијата и за корупцијата. Иако, делот за економија обично се прескокнува во извештајот, вели Филков, во тој дел ќе прочитате дека имаме најниска плата од сите земји, една од највисоките стапки на невработени млади, и за тоа колку се спремни, односно неспремни фирмите за ударот од членството во ЕУ.

Во извештајот стои дека Македонија има најниска плата од сите земји, дека имаме најголема стапка на невработеност кај младите луѓе, да не се чудиме 500 илјади каде отишле и зошто си отишле, рече Герман Филков.

Сме добиле двојка, а не единица за борба против корупција, затоа што единица би било Комисијата за антикорупција да се укине, ама бидејќи постои, а ништо не работи е двојка. Една нова работа е што политичката одговорност, досега формулирано како политичка волја, првпат не се споменува кај корупцијата во контекст на власта, владата, туку им се префрла на трите органи во институциите на системот – полицијата, обвинителството и на Државната комисија за спречување на корупцијата. Новитет е што сега директно се посочуваат институциите што постојат да си ја вршат работата, рече Филков.

Тој вели дека во Извештајот на ЕК се бараат резултати од антикорупциските мерки и првпат се укажува дека трите институции за борба против корупцијата не се независни.

Компаративната анализа покажа дека годинава, забелешките се намножуваат. Присутните забележаа дека земјата се соочи со најголемата криза по 2001 година, кризата се должеше на ниската политичка култура која доведе до поделби по разни основи, кризата се продлабочи по објавување на прислушкуваните разговори, како и забелешката дека Владата, Парламентот и останатите надзорни тела значително потфрлија во адекватна реакција на наодите за корупција.

Клучни зборови

| усаид