Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

Повик за учесници на обуки за претставници од граѓански организации и неформални групи



Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на обуки за градење капацитети на граѓанските организации. Обуките имаат за цел да им обезбедат на претставниците на граѓанските организации соодветно знаење и вештини за: буџетска транспарентност и отчетност; следење на трошењето на јавните пари европските фондови; европските критериуми за владеење на правото, демократија и човекови права. 

Во периодот ноември – декември 2015 година ќе бидат спроведени обуки на следните теми:
 
- Буџетска транспарентност и отчетност (прва група учесници од 5 до 7 ноември, втора група од 14 до 16 ноември 2015) 
- Следење на трошењето на јавните пари (прва група учесници од 4 до 6 декември, втора група од 11 до 13 декември 2015) 
- Европски фондови – програмирање и аплицирање (во два модула: првиот модул ќе се одржи од 19 до 21 ноември, а вториот модул од 26 до 28 ноември 2015)
- Владеење на правото, демократија и човекови права (од 10 до 12 декември 2015)

Кандидатите за учество на овие обуки треба да ги исполнуваат следните критериуми: 

- Активно членство во граѓанска организација или неформална група
- Да покажат интерес и разбирање за клучни прашања за граѓанскиот сектор на локално и/или регионално ниво 
- Да покажат интерес за унапредување на работата на граѓанските организации и неформалните групи во кои се вклучени.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 28-ми октомври 2015 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на cspobuki@fosm.mk. Пријавата може да се преземе подоле.

Бројот на учесници е ограничен. Кандидатите може да се пријават за една или повеќе теми, при што максимум двајца претставници од иста организација може да бидат прифатени за една тема. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со попреченост. Учеството на обуките е без надомест. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуките во горенаведениот период. Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик од страна на искусни обучувачи на темите наведени погоре. 

Повеќе информации на: 
02/ 24 77 172
Влатко Петрушевски

Клучни зборови

| усаид