Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Хуманитарна и правна помош за мигрантите
пронајди

ОБУКА ЗА ДОКУМЕНТИРАЊЕ И НАБЉУДУВАЊЕ НА ПОВРЕДИ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

Фондацијата Отворено oпштество - Македонија (ФООМ) во соработка Иницијативата на отвореното општество за Европа (OSIFE) и партнерски организации од Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Хрватска, ja одржаа првата регионална обука „Документирање и набљудување на повреди на човекови права во услови на криза“ што се одржа од 14 до 17 септември 2015г. во ГЕМ клубот во Скопје. 



Програмата за обуката беше предложена од страна на партнерската организација No Peace Without Justice од Рим, која исто така обезбеди дел од предавачите - експерти во неколку области - со цел да спроведат соодветна обука за претставниците на граѓанските организации. Во консултација со ФООМ беа поканети и локални експерти. 

Тридневната обука ги опфати следниве области: меѓународно законодавство за права на бегалци и мигранти и имплементација во национално законодавство; вовед во документирање и набљудување на човекови права; јавен ред и мир, мерки и имплементација во услови на криза; методи на собирање информации и правилно интевјуирање на жртви и сведоци; безбедност и сигурност при работа на терен; собирање и безбедно чување на информации; и изработка на план за мисија на терен.

На обуката учествуваа дваесетина претставници на организации од: 
- Србија - Белградски центар за човекови права, Хуманитарен центар за толеранција и интеграција (Нови Сад), Млади Прешево;
- Хрватска - Центар за мировни студии;
- Грција - Арсис, Солидарност Сега, Грчки совет за бегалци; 
- Унгарија - Хелсиншки комитет за човекови права (Будимпешта), Менедек, Бордер мониторинг ЕУ, подружница во Унгарија;
- Македонија - НВО Легис - Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, ЛаСтрада, Здружение на млади правници, Солидарност, Влазнија Куманово; и
- Иницијатива на отвореното општество за Европа (OSIFE)



Учесниците и предавачите на оваа обука се согалсија околу тоа дека има потреба од овозможување на услови за соработка помеѓу претставниците на организациите во меѓуграничните области со цел подобра координација и размена на информации при пропуштање на бегалци и мигранти од една во друга држава; посебни обуки во конкретни области како што се грижа за жени и деца бегалци и мигранти; повторна средба/обука за понатамошна соработка помеѓу обучените учесници; и заеднички активности при лобирање и застапување на жртви и повреди на човекови права доколку бидат забележани. 


поврзани новости

нема поврзани новости