Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Унапредување на човековите права во здравството
пронајди

4-ТА СРЕДБА „АДВОКАТУРА НА МАРГИНИТЕ“ ВО МАКЕДОНИЈА И ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА „НЕПРАВДАТА Е ШТЕТНА ПО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ“





 
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Програмата за јавно здравство на Фондациите Отворено општество беа домаќини на 4-та средба „Адвокатура на маргините“ која годинава се одржа во Охрид, Македонија, од 24 до 27 август 2015 година.


 
„Адвокатура на маргините“ е средба на адвокати и претставници на организации кои работат за социјална промена и кои веруваат дека законите се важна алатка која ќе придонесе за таа промена преку национално и меѓународно застапување. На средбата присуствува адвокати од целиот свет кои работат со маргинализирани заедници од Канада, САД, Ирска, Македонија, Србија, Романија, Русија, Киргистан, Украина, Индија, Швајцарија, Кенија, Уганда, Танзанија, Мексико, Гватемала, Венецуела и Ел Салвадор. Настанот послужи како платформа за размена на мислења, искуства и добри практики, но и на предизвиците со кои се соочуваат во пристапот до правда на национално ниво.

Во рамки на овој настан, беше одржана и панел-дискусија за програмите за ефективна правда во јавното здравство на тема „Неправдата е штетна по вашето здравје“ на Филозофскиот факултет во Скопје, на 27 август 2015 година, со почеток во 18 часот.

Настанот го отвори Христијан Јанкулоски, извршен директор на ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, а говорници беа Тамар Езер, Заменик директорка за право и здравје при Програмата за јавно здравство на Фондациите Отворено општество, Константин Кожокариу, адвокат за човекови права од Романија, Бренда Белак, адвокатка при Правната организација Пивот од Канада и Наташа Бошкова, адвокатка од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. Модератор на настанот беше Хајди Штерјова Симоновиќ од  ХОПС - Опции за здрав живот Скопје.



Тамар Езер истакна дека покрај другите припадници на маргинализираните групи, како сексуалните работници или трансродовите лица, во Македонија Ромите секојдневно се жртви на дискриминација и дека е потребно да им се даде правна поддршка, особено во здравствениот систем. Адвокатката Бренда Белак од Правната организација Пивот од Канада говореше пак како оваа организација почнала да им помага на сексуалните работници во Ванкувер и се залагала за промена на законите во Канада со цел да добијат пристап до правда и да се вклучат во правно застапување за подобрување на здравјето. Константин Кожокариу, адвокат за човекови права од Романија, рече дека Македонија е една од ретките земји во кои на трансродовите лица им е забрането сами да се изјаснат за својот идентитет.

На панел-дискусијата беа презентирани неколку проекти кои му помагаат на маргинализираното население – сексуални работници, луѓе кои користат дроги и трансродови лица – да добие пристап до правда и да се вклучи во правно застапување за подобрување на здравјето. А исто така беше промовирана и публикацијата „Правни програми за јавно здравство: Водич за добри практики“ која содржи размислувања, предизвици и добри практики од осумгодишната поддршка за пристап до правни програми во контекст на здравјето. 

Клучни зборови

| јавно здравство