Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Интеграција на Ромите
пронајди

ЛИДЕРСТВО НА РОМИТЕ ЗА 21-виот ВЕК

Нашата единствена преокупација со брилијантноста на личности и изолирани поединци мора да ја надминеме преку создавање колективна брилијантност. 

Меѓународниот ден на Ромите е можност да се сфати дека главниот извор на надеж за Ромите во Европа се самите Роми. Чекањето ЕУ и владите да ги решат проблемите на нашите луѓе веќе не е опција. Овој вид зависност придонесува кон длабоко вкоренето чувство на инфериорност. Оттука, Ромите, но и другите групи како нив се убедени дека ние секогаш сме биле ментално, физички, духовно и културно инфериорни.



Обновувањето на достоинството и гордоста и развивањето самодоверба, компетентност и самостојност се примарните цели за нашето лидерство во 21-виот век. Мора да се погледнеме себеси, да црпиме сила од нашите предци и да растеме преку колективни успеси.

Од времето кога пристигнавме во Европа, пред најмалку илјада години, нашите тела и умови се под постојан напад. Ги претрпевме и преживеавме теророт, понижувањето и негирањето од страна на Европа, вклучително и ропството, расната различност, дискриминацијата, принудната асимилација, прогонот, депортирањето и геноцидот. И покрај тоа, ние учевме, создававме, пронаоѓавме, откривавме, градевме и мислевме. Ја усовршивме вештината за „наоѓање излез од безизлезна ситуација“ и придонесовме кон севкупниот развој и преродба на уметностите во Европа.

Во 19-тиот и 20-тиот век, нашите предци ги направија најважните чекори во насока на давање отпор, сопствено дефинирање, колективна форма на протест и поорганизирано политичко дејствување. И покрај сите тешкотии и негативни надворешни сили, нашите критички гласови го претставуваат најпрогресивното малцинско лидерство во Европа од 21-виот век. 

Во борбата да ја докажеме нашата еманципација, многу од нашите луѓе платија висока цена. Благодарение на оние кои се жртвуваа, ние живееме во време кога видливоста на ситуацијата на Ромите е поголема од кога и да било. Ги натеравме ЕУ, националните институции и разни меѓународни и меѓувладини организации, агенции и билатерални и приватни донатори да бидат попосветени на поддршката за промена на животите на нашите луѓе. 

Исто така, развивме и нова класа граѓани кои можат да помогнат во пробивот на повлијателно лидерство. Нашиот број се зголемува, а нашето знаење станува посилно. Во последните две децении стабилно расте бројот на универзитетски студенти и дипломци, новинари, писатели, уметници, интелектуалци, правници, политичари, државни службеници, лекари и наставници.

Покрај оваа растечка „елита“, нашите заедници се признаени како потенцијални фактори на влијание. Во многу места, региони и земји, ние претставуваме голема гласачка сила. Исто така, ние сме најмладиот и најбрзо растечкиот демографски сегмент во ЕУ. Тој подразбира бесценет потенцијал и сила кои, доколку се добро организирани, можат да го трансформираат лидерскиот статус и добросостојбата на нашите луѓе.



Сепак, секој кој ќе погледне подалеку од сјајот на моментот ќе разбере дека ниту нашето лидерство, ниту ситуацијата на нашите луѓе не можат да се променат преку ноќ. Контекстот драстично се смени во последните 10 години. Тоа беше декада на парадокс со огромни предизвици. Обидите за подобрување на животот на нашите луѓе биле, во најмала рака, реторички и без значителни резултати. Меѓутоа, тоа беше и декада на нова надеж, затоа што бројот на луѓе, знаење и индивидуални успеси беа во пораст. Денес се наоѓаме во момент во којшто можноста за напредок никогаш не била поголема. 

Клучното прашање е како можеме да го зграпчиме моментот и да ја земеме нашата судбина во свои раце?

Мораме да го преземеме ризикот на лидерство, што значи на другите да им овозможиме споделени вредности и мотиви и наменски да ги распределиме нашите разни ресурси на знаење, вештини, општествен капитал и материјални средства за да ги репозиционираме барањата на нашите луѓе во политичкиот процес кој ја обликува нивната иднина. Движењето во оваа насока е многу тешка и комплексна задача и невозможно е да се постигне индивидуално и изолирано. Таа налага колективна моќ и трансформација на етиката, компетенциите, улогите и врските. 

Треба да изградиме самодоверба и да се спротивставиме на перцепцијата дека сме безнадежни, немоќни и безгласни, дека ни треба помош и поддршка, како и други „подароци“ однадвор. Треба да создадеме контекст во кој нашето идно лидерство е дел од и учествува во заедничката историја и борба, како морален извор на мобилизација, критичко размислување, приспособување и аспирации за колективно подобрување.

За да се вклучиме во распределбата на богатството и моќта во општеството, мораме да ја замениме нашата недоверба во политиката со политичко учество во демократските практики за донесување одлуки. 

Ако сфатиме дека ниту еден од нас не може сам да успее во денешниот променлив свет, тогаш можеме да постигнеме многу повеќе од тоа што сме го постигнале досега. Нашата единствена преокупација со брилијантноста на личности и изолирани поединци мора да ја надминеме преку создавање колективна брилијантност.

Пополнувањето на потребата за припадност не е само индивидуална борба за поврзување, туку и наш колективен предизвик, затоа што тоа директно влијае на шемите на неорганизираност кои ги ослабуваат силата и влијанието на нашето лидерство. Нашето идно лидерство треба да го одбере патот по кој луѓето ќе можат да го препознаат заедничкиот интерес и да ги мобилизираат заедничките ресурси во името на тие интереси, вклучувајќи ги и оние на нашите поддржувачи.

Алексис де Токвил мудро забележал дека „во демократските земји, знаењето како да се комбинира е мајка на сите други форми на знаење кои зависат од другите“. Движејќи се напред, мораме подобро да ги разбереме и комбинираме нашите ресурси. За да го постигнеме тоа, мораме да развиеме меѓусебни врски и искуства кои ќе го поддржат идното лидерство во развивањето смисла за итност, споделена цел, храброст, надеж и постојана поддршка.
 
Мораме да дојдеме до точка кога секој индивидуален успех ќе се смета за дел од колективниот успех и кога најголемиот дел од индивидуалните успеси ќе зависи од другите. Само така ќе можеме да имаме поефективно и влијателно локално, организациско, политичко и интелектуално лидерство во заложбите демократијата да биде функционална за нашите луѓе. 



Автор на текстот е Менсур Халити од Канцеларијата за ромски иницијативи на Фондацијата Отворено општество.

Фотографиите се од „Маршот на гордоста и достоинството“ што се одржа на 8 април 2015 на улиците на Скопје по повод Меѓународниот ден на Ромите во организација на „Романи Авази“. Повеќе фотографии на flickr.com/photos/fosim/sets/72157651841346035/ .


Клучни зборови

| настан | роми