Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

„КАДЕ ОДИ ЕВРОПА?“ СО ЖОРДИ ВАКЕР, ДИРЕКТОР НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО И РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЕВРОПА НА ФОНДАЦИИТЕ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО







Директорот на Европската иницијатива за отворено општество и регионален директор за Европа на Фондациите Отворено општество, Жорди Вакер, на 18 февруари 2015 година, во ГЕМ клубот, говореше на тема „Каде оди Европа?“.



Според Вакер, европскиот сон кој не беше постигнат никогаш, се заканува да се претвори во ноќна мора. Сонот беше Обединета Европа - унија во која ќе се гарантираат правата и слободите на граѓаните и социјалната правда, она што беше репер за земјите во развој и магнет за земјите од Западен Балкан. Но ноќната мора се однесува на државите кои пропаѓаат и се подложни на ранливост, поврзаните општества преку долговите, стравот од агресивните соседи. Ноќната мора е Унијата која се оддалечува од своите граѓани и се разводнува моќта на гласачите кои сè помалку и помалку имаат глас во она што се случува. Во овој момент ние сме во фаза ниту на сон ниту на ноќна мора. Најголемата опасност за европскиот сон е губењето на врските помеѓу граѓаните и нивните влади. За да се промени нешто според него, не се потребни многу години, тоа може да се случи за многу кратко време. Такви знаци за промена тој воочил за прв пат при оваа посета на Македонија. 

- Ова е моја петта или шеста посета на Македонија. Секој пат кога доѓам, ситуацијата е сè подепресивна, во многу полиња, и уште се влошува. Гледам работи кои не ми се допаѓаат, како Европа ги занемарува овие работи, како на пример, прашањето за името кое станува тешко, невозможно и ги блокира сите останати процеси. Но овојпат заминувам инспириран бидејќи ова што се случува, а мислам тука само за студентските демонстрации, туку генерлано тоа е  еден виде феномен. Во последните три посети слушав дека никој не реагира, дека опозицијата не прави ништо, дека Владата прави грешки и дека работите се движат во негативна насока. Сега имам чуство на промена. Јас не сум тука да ѝ судам ниту на Владата ниту за она што се случува. Но, сум заинтересиран за ангажираноста на граѓаните и за граѓанската вклученост која може, но и не мора, да доведе до промена на Владата. Јас, сепак, сум инспириран од вклученоста на граѓаните, што е навистна важно. Мислам дека е инспиративно кога луѓето се поактивни и ги преземаат работите во свои раце, дури и ако не успеат. Мислам дека Македонија сега е во еден интересен период, не поради политичките скандали, туку поради тоа дека луѓето почнаа да се ангажираат - истакна Вакер.



Според него, сè додека има проблеми во Европа, земјите од Западен Балкан нема да станат членки на ЕУ, а најголемите проблеми доаѓаат од балканските земји - Романија и Бугарија поради враќањето на коруптивните практики и Грција поради економската ситуација, а до некој степен и Унгарија.

Вакер, кој едно време бил и колумнист во шпанскиот весник Ел Паис, смета дека постојат проблеми во ЕУ, но освен економската криза и сиромаштијата каде строгите мерки на штедење не дадоа резултати, најзагрижувачко е ослабувањето на врските помеѓу граѓаните и владите. Според него загрижува промената на основните вредности и мислења во либералните демократии. На пример, Виктор Орбан вели дека нема аспирации да постигне либерлана демократија. Во Турција и Русија тоа е уште поексплицитно, но и во земјите на Балканот. Но тоа не е израз на економската криза во земјите, Ирска, Португалија и Шпанија беа јако погодени од економската криза, но толеранцијата не се избриша, напротив, стана уште поголема. Во Португалија беа одобрени истополови бракови. Србија и Хрватска беа погодени од економската криза но таму не се случи радикализам, иако се општества кои добро го познаваат радикализмот. Европјаните не се незадоволни од демократијата, туку од нејзиното изместување, заклучи Вакер.