Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Форуми во заедницата
пронајди

Форумски сесии во општините Струга, Дебрца и Могила

struga

Програма форуми во заедницата продолжи со реализација на форумските сесии во општините Струга, Дебрца и Могила и во декември 2012.

Четвртата сесија на меѓуопштинскиот форумски процес, меѓу општините Струга и Дебрца, се одржа на 6 декември. На сесијата, осумдесетина граѓани од двете општини ги разгледуваа концептите од кои ќе бидат развиени проекти за реализација. Одобрување од форумот за понатамошна доработка добија следните предлог проекти: изградба на соодветна депонија; воспоставување систем за третман на органски отпад; изградба на станица за примарна селекција на отпад; воспоставување систем за собирање отпад и рециклирање на отпад.

Од овие концепти, на наредната форумска сесија, со гласање ќе се изберат проектите за реализација.

Петтата форумска сесија од серијалот буџетски форуми во општина Могила се одржа на 7 декември. Граѓаните на општина Могила имаа можност да го заокружат форумскиот процес со гласање за приоритетна програма во рамки на општинскиот буџет за 2013 година. Право на глас имаа оние граѓани кои присуствувале на 3 од 5 одржани форумски сесии.

MogilaПо одредувањето на програмата „Спорт и рекреација“ како приоритетна, граѓаните на Могила ги избраа и проектите кои ќе бидат финансирани од проектниот фонд и ќе станат составен дел од буџетот за 2013 година на општината.

Од вкупно 22 предложени проекти, по гласањето, во рамки на проектниот фонд влегоа следните 3 проекти: Изградба на повеќенаменски спортски игралишта во с. Добрушево, с. Трновци и с. Могила (2 000 000 денари); Автобуски стојалишта во селата при општина Могила (550 000 денари); и Изградба на улици и патишта во општина Могила (1 250 000 денари)

Имплементацијата на овие 3 инфраструктурни проекти ќе биде предвидена во општинскиот буџет за 2013 година.