Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Образование
пронајди

Успешно завршен првиот циклус мали училишни интеркултурни иницијативи

Програма за образование на Роми

На 12-ти декември беа претставени резултатите од првиот циклус на проектот Мали училишни интеркултурни иницијативи реализиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, во рамките на Програмата за образование на Роми на УСАИД, а во соработка со четири партнерски невладини организации и седум основни училишта од општините Прилеп Куманово и Ѓорче Петров.

Споменка Лазаревска, директор на програмата за образование во ФООМ, зборуваше за целите и активностите на Програмата, а за постигнатите резултати рече дека ќе остави да зборуваат оние кому оваа програма им е наменета, учениците и наставниците. Понатаму таа накусо ги објасни целите на малите грантови наменети за основни училишта вклучени во проектот. Лиана Мар, директорот на секторот за образование на УСАИД Македонија, им честиташе на сите кои се вклучени во програмата, која според нејзе е една од најдобрите во светот, а како дополнителен доказ го спомена фактот што Министерството за образование и наука ги препознава придобивките од програмата и активно се вклучи во стипендирање на студенти Роми.

Мер истакна дека малите интеркултурни иницијативи се повеќе од потребни, особено ако се земе предвид различноста на светот во кој живееме. Па оттаму, истакна Мер, особено важно е децата од основното образование да се подготват за различностите, и преку запознавање на различните етнички заедници и нивните традиции да ги негуваат добрите односи со различните култури.

Директорот на ОУ „11-ти Октомври“ од Куманово, Мерилин Стојчевска изрази задоволство од тоа како се одвива проектот мали училишни интеркултурни иницијативи, особено од обуките низ кои таа минала а и помогнале да го разбере богатството на различните култури кај децата кои се нејзини ученици. Стојчевска воедно ги повика нејзините колеги да земаат учество на сите обуки во Програмата, бидејќи според нејзе тоа претставува големо и значајно искуство.

Реџеп Али Чупи, поранешен стипендист на Програмата, а сега директор на Управата за унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН, го поздрави завршувањето на првиот циклус од малите училишни интеркултурни иницијативи и додаде дека освен програмата на УСАИД – Македонија и ФООМ, и Министерството, преку Управата со кој тој раководи, создава проекти кои имаат за цел да ја афирмираат интеркултурната соработка во воспитно-образовниот процес.

Наставничката Александра Павловска од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Куманово, ги претстави резултатите и завршените проекти на сите седум основни училишта,опфатени со проектот. Низ седумте училишта се одржале 29 работилници на кои учествувале 1556 ученици и 86 родители. Учениците ја прикажале интеркултурната соработка низ песни и стихотворби, цртежи и интеркултурни училишни списанија.

На крајот од настанот, гостите имаа можност да погледнат дел од она што се создавало во малите интеркултурни иницијативи. Ученици од основни училишта се претставија со игри и рецитирање стихотворби.