Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Заедничка рамка за правно зајакнување
пронајди

КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ТЕМА “ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО”

На 31.01.2018 година (среда) со почеток во 10:30 часот во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи национална конференција за Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој на Обединетите нации.

Конференцијата е во организација на Коалицијата Маргини во партнерство со Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ, поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целите за одржлив развој (SDG's) претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда.

Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ, поддржани од Фондацијата Отворено Општество – Македонија, долги години работат на обезбедување на правна помош и застапуваат за унапредување на законската рамка за подобрување на пристапот до правдата. Доследната имплементација на Целите за одржлив развој ќе придонесат кон забрзување на овој процес, а за тоа е неопходна посветеност на државата во исполнување на обврските кои произлегуваат од Целите и активно вклучување на граѓанските организации.

Агенда:

10:30 – 11:00 Регистрација на учесници и изјави за новинари

11:00 – 11:15 Отворање на конференцијата
(Фани Каранфилова-Пановска, ФООМ; Ирена Цветковиќ, Коалиција Маргини и Јасминка Фришчиќ, ЕСЕ)

11:15 – 12:00 Целите за одржлив развој
Мерки и активности кои ги презема РМ како земја членка (модераторка Наташа Бошкова)
- Што претставуваат Целите за одржлив развој;
- Обврските на државата за да се постигне одржлив развој на национално ниво;
- Резултатите кои треба да се постигнат со имплементацијата на Целите за одржлив развој.

Говорници:
- Луиза Винтон, резидентен координатор на Обединетите нации 
- Тања Стаменова, Сектор за правни работи при Генерален секретаријат на Влада на РМ
- Сања Зографска Крстевска, Директорат за економска дипломатија на Министерството за надворешни работи
- Снежана Шиповиќ, Одделение за статистички деловен регистар и структурни деловни регистри Државен завод за статистика

12:00 – 13:00 Развојна Цел 16.3
Обезбедување на еднаков пристап до правдата за сите од страна на здруженијата (модератор Стојан Мишев)
- Правните потреби на ранливите групи на граѓани во нивниот пристап до правдата;
- Начини на обезбедувањето на правна/параправна помош за решавање на правните
- Проблеми на ранливите групи на граѓани;
- Насоки за унапредување на правната заштита.

Говорници:
- Христина Василевска Димчевска, ФООМ
- Ивица Цековски, асистент за застапување ХОПС
- Игор Јадровски, правен советник Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
- Мелиса Мемиш, параправничка ИРИЗ
- Гоце Коцевски, правен советник ЗМПМ

поврзани новости

нема поврзани новости