Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017
пронајди

КРИК – ФЕСТИВАЛ ЗА КРИТИЧКА КУЛТУРА





На 14 декември 2017 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Музејот за современа уметност, Скопје се отвори второто издание на КРИК – фестивал за критичка култура, кое годинава ќе се одвива под закрила на темата Постојано во транзиција - заробеност во скршените огледала.

Второто издание на КРИК – фестивал за критичка култура, продолжува да ги истражува односите и проникнувањата на културата – уметноста – политичкото – политиката, преку критичка рефлексија, експеримент и лабораторија низ кои ќе се преиспитуваат парадигмите на моќта, еманципаторските крстопати на политичкото и на естетското во патеката која комуницира со сите репресивни облици врз граѓанството, поврзани со образовните, социјалните, културните, политичките, медиумските права и слободи.

Постојано во транзиција - заробеност во скршените огледала е генералната тематска поставеност на овогодинешниот КРИК, а во партнерска соработка со организациите Курзив и Kulturtreger од Хрватска, SCCA-Љубљана од Словенија и SEECult од Србија, се отвора и уште една тематска линија Светот околу нас - критичките ставови во регионот.

Учесници на овогодинешниот фестивал се: колективот Что делат (Дмитри Виленски (РУ), Оксана Тимофеева (РУ), Олга Егорова (РУ), Нина Гастева (РУ), Сузана Милевска (МК), Миљенка Буљевиќ (ХР), Небојша Вилиќ (МК), Антонија Летиниќ (ХР), Лука Остојиќ (ХР), Владимир Јанковски (МК), Лујо Парежанин (ХР), Весна Милосављевиќ (СРБ), Лара Плавчак (СЛО), Миха Келемина (СЛО).

Уреднички на програмата на КРИК се Искра Гешоска и Елена Вељановска.

И оваа година, КРИК – фестивал за критичка култура има цел да ги промовира уметничките и културните практики како општествено релевантни алатки кои ќе придонесат за еманципација и демократизација на социо-културниот контекст. КРИК кој ќе застанe во одбрана на правото на критичка култура, која постојано ќе ги поместува границите на еманципаторските политики во социо-културниот простор. КРИК е отворена платформа низ која ќе се истражуваат и изучуваат можностите на проникнување помеѓу естетското и политичкото, помеѓу уметничките практики и нивното влијание врз пошироката демократизација на општеството, помеѓу граѓанските заедници и медиумските облици на борба. Во рамки на КРИК се промовираат социо-културните и уметничките практики како важна алатка со која може да се влијае врз општествените промени и преку која може да се укаже на важноста на граѓанското учество во подигање на свеста за улогата на културата и уметноста во развојните процеси на општествената демократизација.

Програмата на КРИК и Контрапункт - асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики е финансиски поддржана од страна на Фондација отворено општество- Македонија, Гете-институт Скопје, Фондацијата Култура нова, Фармахем и Министерството за култура на Република Македонија.

Стратешки партнери на КРИК и на Контрапункт се Мултимедијалниот институт (МаМа) од Загреб, kuda.org од Нови Сад и okno.mk од Скопје

Целосниот албум со фотографии од отворањето е на следниот линк.

поврзани новости

нема поврзани новости