п а р т н е р и
Конкурси
пронајди

Конкурс за мали грантови и промоција на прирачник

По повод 26-ти Јуни, одбележувањето на Интернационалниот ден за поддршка на жртвите на тортура во здравствена заштита, програмата Јавно здравство на Фондација Отворено општество - Њујорк, го претстави новиот прирачник, „20 механизми за справување со тортура во здравствената заштита“ и воедно објавува конкурс за мали грантови.

Прочитај повеќе

Оглас за ко-модератори во општините Карпош и Липково

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Прочитај повеќе

Конкурс за избор на ментори на средношколци и студенти Роми кои учат/студираат на медицински училишта/факултети во учебната 2012/13 година

Во рамките на Програмата за јавно здравство, во 2012 година Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), продолжува со реализација на Програма за медицински стипендии за Роми. Програмата содржи 4 компоненти: финансиска поддршка (стипендија), менторство, обука за застапување и медиумска компонента.

Прочитај повеќе

Конкурс за доделување грантови на граѓански организации

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објави конкурс за доделување грантови на граѓански организации. Проектот на УСАИД за граѓанско општество е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Прочитај повеќе

Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2012/2013 година

Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми/Roma Health Scholarship Program (RHSP) по трет пат го објавува конкурсот за доделување на медицински стипендии за Роми кои се ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија, со цел да се зголеми бројот на Роми со завршено медицинско образование кои ќе придонесат за унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите.

Прочитај повеќе

Прва  Претходна  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  Следна  Последна