Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Заедничка рамка за правно зајакнување
пронајди

ОБУКА ЗА ИНОВАТИВНО ФИНАНСИРАЊЕ

Фондацијата Отворено општество - Македонија во периодот од 11-15.12.2017 одржа обука за иновативно финансирање наменета за 19-те партнерски граѓански организации со цел зајакнување на нивните вештини и способности  за воведување и примена на иновативни модели на финансирање.

Основната идеја на обуката е да придонесе кон одржливоста на правните и параправните услуги кои ги обезбедуваат граѓанските организации – партнери на ФООМ и нивна идна финансиска независност која ќе им овозможи потенцијален развој и можност за пошироко и пообемно дејствување.

Обуката имаше практичен и интерактивен карактер, користени беа реални ситуации и примери од работењето на граѓанските организации, но и позитивни примери на други организации од земјата и од странство.

Обучувачите Виктор Мирчевски, заменик-извршен директор на Фондацијата Конект и Владимир Лазовски, независен консултант, следејќи ги принципите на учење на возрасните и им овозможија на учесниците да искористат знаења од целокупното свое професионално и животно искуство и да погледнат на состојбата и можностите на своите организации од нова перспектива.

Обуката е замислена да се одвива во два модули:

Во првиот модул, учесниците се стекнуваат со знаења и информации за можните начини на прибирање средства за обезбедување правни и параправни услуги, како дополнување или замена за грантовската или поддршката од јавниот буџет што веќе ја користат како што се:

- економски активности на граѓанските организации;
- индивидуални донации од граѓаните;
- поддршка и соработка со бизнис заедницата;
- crowdfunding; и
- социјално претпримништво.

На обуката во Охрид, се обработуваа основните концепти и законските решенија во секоја од обработуваните можности за прибирање средства како и можностите и ризиците поврзани со истите, а особено внимание се посвети на прикажување позитивни примери и искуства на граѓански организации од земјата и од странство.

Како завршница на првиот модул, учесниците добија задача да развијат план за прибирање средства за сопствената организација, користејќи го моделот со кој се запознале на обуката, а за кој сметаат дека е најдобро одговара на приликите во и околу нивната организација со што уште веднаш се овозможи реална и практична примена на обуката.

Вториот модул од обуката ќе се случи во март 2018 година и во него ќе учествуваат избрани претставници на не повеќе од десет организации чии планови (од првиот модул) ќе бидат оценети како најдобри и за нив ќе добијат директен фидбек кој ќе им помогне да ги согледаат предностите но и можностите за подобрување на плановите. Во овој модул, учесниците ќе бидат запознаени и со две дополнителни теми:

- односи со јавноста и информации во поддршка на активностите за прибирање средства, вклучувајќи користење на интернет и социјалните медиуми и
- градење партнерства со поддржувачите и донаторите.

По завршувањето на вториот модул, организациите ќе имаат можност да се пријават до ФООМ за поддршка на нивните планови за прибирање средства од негрантовски извори. ФООМ е секогаш подготвена да даде поддршка на организациите во нивниот план за раст и развој како и идна финансиска независност.

Обуката за иновативно финансирање, наменета за партнерските организации на ФООМ е организирана во рамките на спроведувањето на Заедничката рамка за правно зајакнување (Legal Empowerment Shared Framework), односно во рамките на третиот приоритет во стратегиската област „Зајакнување на капацитетот“ за периодот 2017-2019 година.

поврзани новости

нема поврзани новости