најава на активности

Нема најавени активности...

п а р т н е р и
настани и новости
Регионална програма за поддршка на истражувања

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА „ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РМ“


[Feb 22 2017 ] Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 16 февруари 2017 година (четврток), во хотелот Холидеј ин во Скопје, ја организираше завршната конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во земјите на Западен Балкан (РППИ) на тема „Предизвици и можности за финансирање на научното истражување во Република Македонија“.

Заедничка рамка за правно зајакнување

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРАВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ – ГРАДЕЊЕ НАЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА ПРАВНИ УСЛУГИ БАЗИРАНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА


[Feb 13 2017 ] Од 6 до 8 февруари 2017 година во Струмица, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, а во рамки на Заедничката рамка за правно зајакнување, се одржа работилница за правно зајакнување – градење национални системи за правни услуги базирани во заедницата.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ЗДРУЖЕНА ИНИЦИЈАТИВА НА 127 ОРГАНИЗАЦИИ: “ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО!”


[Feb 9 2017 ] Во четврток, 9 февруари 2017 година, 127 граѓански организации, иницијативи, заедници, групи и синдикати здружено застанаа во одбрана и заштита на граѓанскиот сектор и граѓанскиот глас кој е под закана и оркестрирана хајка од страна на институции и медиуми контролирани од владејачки структури.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

„СОС“ И НЕГОВИТЕ НАЛОГОДАВАЧИ НЕ МОЖАТ ДА ГО ЗАМОЛЧАТ СЛОБОДОУМНОТО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВO


[Feb 7 2017 ] Ние, граѓанските организации кои сме цел на постојани оркестрирани напади на досегашната власт и нејзините послушници, уште еднаш бараме јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации за нашата работа, изнесени од страна на таканаречената граѓанска иницијатива „СОС“. Во спротивно, ќе бидеме приморани правдата да ја бараме на суд односно ќе поднесеме тужби за навреда и клевета.

Унапредување на човековите права во здравството

ПОТВРДЕНА ПОТРЕБАТА ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Од оддржаниот дводневен настан „Заедница за сите“ – проекции на документарни филмови и дебата


[Jan 30 2017 ] На 24 и 25 јануари 2017 година се одржа настанот „Заедница за сите“ во чии рамки беа проектирани документарни филмови проследени со дебата за процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, во организација и по иницијатива на Здружението СОЛЕМ и Фондација Отворено општество - Македонија.

Граѓанско учество за локална демократија

ДОДЕЛЕНИ ГРАНТОВИ НА ПОВИКОТ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ОПШТИНА СТРУГА, СТРУМИЦА И ЦЕНТАР ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА


[Jan 30 2017 ] На 17 јануари 2017 година, Комисијата за одлучување по повикот за доделување грантови за граѓански организации во општина Струга, Струмица и Центар во рамки на проектот Граѓанско учество за локална демократија, донесе одлука од 31 пристигната пријава да додели грантови на 9 проекти, во вкупен износ од 84.720 евра.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ, КОАЛИЦИИ И ЛОКАЛНИ АКТИВИСТИЧКИ ЈАДРА


[Jan 26 2017 ] Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои преку своите проекти ќе придонесат за унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија на локално, регионално и национално ниво.

пронајди
Alarm-37
п у б л и к а ц и и