најава на активности

Нема најавени активности...

п а р т н е р и
настани и новости
Пристап до правда во Македонија

УСПЕХ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ: 110 ГРАЃАНИ ПОБАРАА АДВОКАТ ПЛАТЕН ОД ДРЖАВАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОЕТО ПРАВО ЗА ПРИСТАП ДО ПРАВДА

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија - декември 2014


[18.12.2014] Вложените напори на шест граѓански организации [Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, ЕХО - Штип, Избор - Струмица и 8-ми Септември - Скопје] за бесплатна правна помош, во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“, за само 10 месеци даваат охрабрувачки резултати за граѓаните. Дури 110 граѓани побараа да добијат адвокат платен од државата преку системот на бесплатна правна помош.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ОСНОВАНА ПЛАТФОРМАТА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА


[12.12.2014] На 9 декември 2014 година во Скопје, 15 граѓански организации ја основаа Платформата за антикорупција. Таа цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата

Општина по мерка на граѓаните

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ „ПРОМОВИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛЕН БИЗНИС МЕЃУ МЛАДИТЕ“ ВО СТРУМИЦА, СТРУГА И ЦЕНТАР


[03.12.2014] Центрите на заедницата на општините Струмица, Струга и Центар со цел да ја афирмираат идејата за социјално претприемништво организираат обуки за млади на тема „Промовирање на социјален бизнис меѓу младите“. Учесниците на обуката ќе имаат можност да ги научат основите за започнување на социјален бизнис и да разберат како се создаваат социјални промени преку социјалниот бизнис. Обуката ќе ја реализираат предавачи од ЗИП Институт.

Пристап до правда во Македонија

Четириесет и пет социјално загрозени граѓани побараа бесплатна правна помош од државата и чекаа дури по 80 дена (во просек) за одговор во врска со нивното барање

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија


[19.11.2014] Во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а во склоп на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) заедно со шесте организации кои го имплементираат проектот, од февруари до ноември оваа година имаат дадено вкупно 860 општи правни информации како форма на претходна правна помош на заинтересирани граѓани.

Општина по мерка на граѓаните

OТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР И ЈАВНИ РАСПРАВИ ПО НАЦРТ-ЛОКАЛНИ СТРАТЕГИИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР


[11.11.2014] На 17 ноември 2014 (понеделник), со почеток во 10 часот, ќе биде свечено отворен Центарот на заедницата на општина Центар кој се наоѓа на Ул. „Михаил Цоков“ бб во општина Центар.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ДЕБАТА „ГРАЃАНИТЕ НАСПРОТИ САНКЦИИТЕ И ПРАЗНИТЕ БУЏЕТСКИ КАСИ“


[10.11.2014] На 6 ноември 2014 година, точно на пладне, во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, Фондацијата Отворено општество - Македонија одржа дебата на тема „Граѓаните наспроти санкциите и празните буџетски каси“. Дебатата го отвори прашањето на презастапените казни кои му се закануваат на македонскиот граѓанин и на деловниот сектор.

Мониторинг и документирање на човековите права

НЕМА ПРИДОБИВКИ ЗА ЖЕНИТЕ ОД ПРОЕКТОТ НА ФЗОМ

Соопштение на Мрежата за заштита од дискриминација


[03.11.2014] Мрежата за заштита од дискриминација изразува загриженост за најавениот Владин проект за побрза исплата на надоместокот на родилките, дека истиот ќе биде дополнителна пречка за жените да се вработат и да можат да ги остварат правата од работен однос. Имено, со овој проект исплатата на надоместокот за породилно отсуство треба да ја прават работодавците кои потоа треба да бараат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) да им ги врати парите.

пронајди
к о н к у р с и

Во моментов нема активни конкурси

п у б л и к а ц и и