најава на активности

ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ЗАЕДНИЦАТА ВО СТРУГА И ЈАВНИ РАСПРАВИ ПО НАЦРТ-ЛОКАЛНИ СТРАТЕГИИ НА ОПШТИНА СТРУГА


На 30 октомври 2014 година (четврток), со почеток во 10 часот, ќе се одржи свечено отворање на Центарот на заедницата на општина Струга, со локација на ул. Владо Малески бб (во зградата на Министерство за одбрана).


Прочитај повеќе
п а р т н е р и
настани и новости
Општина по мерка на граѓаните

ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ЗАЕДНИЦАТА ВО СТРУГА И ЈАВНИ РАСПРАВИ ПО НАЦРТ-ЛОКАЛНИ СТРАТЕГИИ НА ОПШТИНА СТРУГА


[29.10.2014] На 30 октомври 2014 година (четврток), со почеток во 10 часот, ќе се одржи свечено отворање на Центарот на заедницата на општина Струга, со локација на ул. Владо Малески бб (во зградата на Министерство за одбрана).

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ПРОМОВИРАНА „ИЗВОРИТЕ НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ“ ОД ХАНА АРЕНТ


[16.10.2014] На 16 октомври 2014 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 12 часот, беше промовирана книгата „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент во издание на Фондацијата Отворено општество - Македонија и издавачката куќа „Култура“. Промотори на второто издание на оваа книга беа Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, Горан Јанев од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Соња Исмаил од ФОРУМ - Центар за стратегиски истражувања и документација.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ПРОМОВИРАНА „ПРАВИЛА ЗА РАДИКАЛИТЕ“ ОД АЛИНСКИ


[14.10.2014] Фондацијата Отворено општество - Македонија, на 14 октомври 2014 година, во ГЕМ клубот, ja промовираше книгата „Правила за радикалите: Практичен вовед за реалистичните радикали“ од Соул Д. Алински. Делото кое сега доби македонски превод, е страстен совет на Алински за младите радикали, за тоа како да предизвикаат конструктивна општествена промена и да ја увидат разликата меѓу тоа да се биде реалистичен радикал и да се биде реторичен радикал.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

ДОСТАВЕНИ ЗАБЕЛЕШКИ ДО ВЛАДАТА НА РМ ПО НАЦРТ-АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ


[30.09.2014] На 29 септември 2014 година, Фондација Отворено општество - Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Македонскиот центар за европско образование и ЛГБТИ Центарот за поддршка испратија писмо до Владата на Република Македонија со забелешки, предлози и сугестии по Нацрт амандманите на Уставот на Република Македонија.

Пристап до правда во Македонија

СООПШТЕНИЕ НА ПРОЕКТОТ ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА

Дури 671 социјално загрозени граѓани побараа бесплатна правна помош од шесте овластени здруженија


[30.09.2014] Овластените здруженија за бесплатна правна помош, од февруари 2014 до денес, обезбедија правна помош за 671 социјално загрозени граѓани кои имаат правни проблеми. Правната помош вклучуваше обезбедување правни информации и правни совети за граѓаните. Од нив, иако сите на работ на сиромаштијата, само 86 лица ги исполнија високо поставените законски услови за остварување на правото да побараат од државата одобрување на адвокат, кој ќе го плати државата согласно Законот за бесплатна правна помош.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

„НАМЕТНАТ УСТАВ“ - ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РМ


[18.09.2014] Фондацијата Отворено општество Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛГБТИ Центарот за поддршка, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и Македонскиот центар за европско образование, на 17 септември 2014 година, одржаа јавна расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на РМ вo ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија.

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Стоп за специјалната војна против граѓанското општество


[16.09.2014] „Стоп за специјалната војна против граѓанското општество“ е заедничката порака на дваесетина граѓански организации по повод Меѓународниот ден на мирот.

пронајди
п у б л и к а ц и и