најава на активности

[Jun 16 2017 ] ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА


На 22 јуни 2017 година (четврток), со почеток во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, ќе се одржи завршната конференција „Културни акции за унапредување на општините - Регрантисти во рамките на проектот ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА од ИПА 2 Програма за граѓанско општество и медиуми 2014-2015“, во организација на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Центар за развој на локалната демократија (ЦРЛД)


Прочитај повеќе
п а р т н е р и
настани и новости
Заедничка рамка за правно зајакнување

ОТВОРЕНА ПРАВНА КЛИНИКА ЗА РАНЛИВИ ГРУПИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Студентите под менторство на професорите ќе нудат бесплатни совети и информации на лица од ранливи и маргинализирани групи


[Jun 17 2017 ] Со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, во рамките на концептот Заедничка рамка за правно зајакнување, започна спроведувањето на Правната клиника за ранливи групи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРОЕКТИТЕ НА ГРАНТИСТИТЕ ДЕЛ ОД ГРАЃАНСКА АЛИЈАНСА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ


[Jun 16 2017 ] Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Евртоинк - Центар за европски стратегии (Евротинк) одржаа работен состанок со медиуми и граѓански организации на тема „Мониторинг на реформата на јавна администрација“, на 15 јуни 2017 година, во просториите на Евротинк.

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

КОЛКУ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ РАБОТАТ НА ПРАШАЊА ВРЗАНИ СО РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА?

Инфографик


[Jun 16 2017 ] „Неефективни линии на одговорност, употреба на јавниот сектор како политички инструмент, сомнежи за вршење притисок на службени лица, недостаток на политичка волја за реформа на системот на јавни финансии” се само дел од забелешките на Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата во 2016 година, во делот реформата на јавната администрација. Но колку граѓанските организации работат на овие прашања? Дали граѓанските организации се вклучени во процесите на осмислување на реформата и нејзината имплементација? Колку граѓанските организации имаат знаење за самата реформа на јавната администрација?

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

ДАЛИ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАЗВОЈОТ НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА?

Инфографик


[Jun 16 2017 ] Унапредувањето на партиципативното креирање на јавните политики е еден од суштинските приоритети на реформата на јавната администрација. Меѓутоа, дали граѓанските организации се вклучени во процесите за креирање на стратегиите за реформа на јавната администрација?

Општо

РЕАКЦИЈА НА РОМСКИТЕ НВОи И АКТИВИСТИ ПО ОДНОС НА ИМЕНУВАЊЕ НА ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Соопштение за јавност


[Jun 15 2017 ] Здруженијата на граѓани и активисти поддржувачи на оваа реакција го изразуваат своето незадоволство и разочарување од одлуката на премиерот Зоран Заев за распределба на заменици министри, бидејќи помеѓу именуваните заменици министри не е предложен ниту еден припадник на ромската заедница.

Општо

ЏОРЏ СОРОС ТРЧА НИЗ КАЗНЕН ШПАЛИР

Напаѓан од политичари од Вашингтон до Скопје


[Jun 9 2017 ] Во книгата „Маскарада“, мемоарите на Тивадар Сорос за Будимпешта под нацистичка окупација, тој опишува како успеал да набави лажни лични карти за неговите сонародници Евреи, вклучително и за неговиот 14-годишен син Џорџ.

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ НА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ ВО ОБЛАСТИТЕ БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, СУДСТВО И МЕДИУМИ


[Jun 8 2017 ] Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на концептот Граѓанска акција за итни реформски приоритети објавува конкурс за доделување грантови за заеднички акции на здруженија и фондации во областите борба против корупција, судство и медиуми (формални и неформални мрежи на здруженија и фондации).

пронајди
Alarm-37
п у б л и к а ц и и