Поддршката за учениците од ранливите групи не е квалитетна
Нееднакво толкување на законските прописи во однос на спроведувањето на дополнителната настава како механизам за поддршка на учениците со слаби постигања во училиштата, во Македонија од една страна, како и влошените резултати на нашите ученици според меѓународните истражувања, од друга страна, претставуваа поттик за Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), да направи две длабински анализи за образованието на учениците со ниски постигања, како дел од проектот „Програма за образование на Роми“, ко-финансиран со Детската фондација „Песталоци“.
Појдовна точка и на двете анализи што се работеа кон крајот на 2012 година, се еднаквите права на образование на децата. Првата анализа се темели на емпириско-теренско истражување, фокусирано на учениците со ниски постигања во учењето, а цел на истражувањето е да се испитаат ефектите од дополнителната настава, односно дали и колку законските измени внесоа подобрување во квалитетот на образованието на учениците со ниски постигања. Втората компаративна анализа „Мерки за поддршка на учениците со ниски постигања“, дава преглед на мерките што се преземаат од страна на различни земји, за да им се помогне на учениците со ниски постигања и да се дадат предлози за мерки што би биле најсоодветни или неопходни за македонскиот образовен систем. Посебен фокус на овие истражувања е ставен на учениците кои доаѓаат од ранливите групи на население.
Регионална програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан – Завршна конференција
Научните истражувања во општествените науки и натаму на маргините
Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан (РРПП) на 14-ти мај беше организирана конференцијата “Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општествените науки во Република Македонија“, на која беа презентирани наодите од четири истражувања за применети политики. Истражувањата ги подготвија млади истражувачи, ангажирани во рамки на компонентата за унапредување на состојбите во област на општествените науки.
На конференцијата беа презентирани досегашните резултати од Регионалната програма, а беа опфатени и прашања за спроведувањето на Законот за научноистражувачка дејност како и аномалиите на Законот за високо образование. Според оценките на учесниците на конференцијата, законите не се спроведуваат ефикасно, а недостасува и поголема финансиска поддршка за научноистражувачка дејност, особено во општествените науки.
Славица Инџевска од ФООМ истакна дека истражувањата во општествените науки се повеќе се маргинализираат, па науката во Македонија не е во можност да реагира на промените во општествената реалност. За очекување е, смета Инџевска, дека преку Регионалната програма и преку други активности ќе се промени односот кон општествените науки и процеси, и тие ќе бидат дел од вниманието на институциите на македонскиот систем.
Пролетните дождови – Пролетниот извештај на Европската Комисија
Во организација на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество Македонија, на седми мај се одржа дебатата „Пролетните дождови – Пролетниот извештај на Европската комисија“, на која се дискутираше за Пристапниот дијалог на високо ниво - т.н. ХЛАД (High Level Accession Dialogue), политичките критериуми и функционирањето на институциите, како и за дијалогот за слобода на изразување, добрососедските односи и препораките од пролетниот извештај на Европската Комисија.
Бојан Маричиќ од МЦЕО споредувајќи ги резултатите постигнати со ХЛАД во 2012 година, со годинешните резултати, нагласи дека не само што нема напредок во пристапниот дијалог, туку во одредени полиња има и назадувања, особено во реформите на јавната администрација, и измените на Изборниот законик. Коментирајќи го политичкиот дијалог, Маричиќ истакна дека Македонија само преминува од криза во криза, додавајќи дека единствено нашата држава и БиХ имаат потреба од меѓународно посредништво за надминување на меѓупартиските разлики. Маричиќ препорача Македонија и ЕК заедно да прецизираат дали ќе го одржуваат ХЛАД-от или пак ќе го заменет со договорот од први март. Исто така, тој побара и целосен мониторинг на демократизацијата на институциите и целосно расчистување на настаните од 24-ти декември.
Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер
Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) на 30-ти април организираше промоција и дебата по повод издавањето на публикацијата „Шест години подоцна: Распука ли ѕидот од тишина“ која се занимава со спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и претставува шеста публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“ издадена од Правната програма на ФООМ.
Според наодите во публикацијата, и по седум години од донесувањето на Законот се` уште се воочуваат неколку загрижувачки проблеми како што се: високиот процент на молчење на администрацијата; непочитување на законската форма на комуникација од страна на имателите на информации; недоследната примена на исклучоците од слободниот пристап и долгото време потребно за добивање на одговор. Во периодот мај - јуни 2012 година Фондацијата поднела 732 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и од нив обжалила 296 барања, од кои повеќе од половина биле поради молчење на администрацијата, а останатите поради добивање на премногу општи или нејасни одговори.
Според адвокатот Жарко Хаџи Зафиров одредбите во Законот премногу лесно се менуваат, а Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер нема можност за поведување прекршочна одговорност кон институциите кои не споделуваат информации од јавен карактер. Комисијата исто така ги охрабрува имателите на информации, на чувствителни информации да одговараат со „Не знам“ или „Непознато“. За Хаџи Зафиров, голем недостаток е и ограничената и честата промена на листата на иматели на информации, бидејќи со последните измени од листата се тргнати политичките партии, без никакво објаснување за таквиот потег.
Оттаму, Правната програма на ФООМ во публикацијата дава неколку препораки за подобро функционирање на Законот. Од имателите на информации се бара тие своеволно да ги даваат информациите и да не ги чекаат последните рокови за давање на информации, туку тоа да го сторат веднаш откога ќе добијат барање за информација од јавен карактер, како и да и се даде можност за поведување на прекршочни постапки од страна на Комисијата.
Собранието на Република Македонија да побара детални информации за посочените слабости на годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација
Конкурс за доделување грантови на граѓански организации
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи и е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:
1. Поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, имаат долгорочно искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат граѓански иницијативи (грантови во износ до 20.000 американски долари);
2. Поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања во следните подрачја: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките партии, политики што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост, усогласеност со политичките критериуми на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови помеѓу 10.000 и 30.000 американски долари).
За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби, и меѓусебно поврзување.
Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои: • директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество; • покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните; • нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките; • применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите; • промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот; • градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.
Рок за поднесување на пријавите: 23 мај, 2013 до 16:00 часот
Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.
Отворен повик за уметници за работен престој во Виена
Во соработка со Култур Контакт од Австрија, Сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Австрија објавува повик за работен престој во Виена за 2014 година за сите заинтересирани визуелни уметници, фотографи, дизајнери, аудиовизуелни уметници, писатели, преведувачи, танчари, кореографи, куратори и др.
Во Прирачникот за европското право за недискриминација подготвен од Агенцијата за фундаментални права на ЕУ и Европскиот суд за човековите права е презентиран дел од импресивниот обем на судската практика во областа на недискриминацијата создадена од страна на Европскиот суд за човековите права и Судот на правдата на ЕУ.
Поради тоа Фондацијата Отворено општество – Македонија го овозможи печатењето и објавувањето на македонското издание на Прирачникот, бидејќи се чинеше корисно на македонски јазик да биде достапен за правните практичари, односно за судиите, обвинителите и адвокатите, како и за службените лица задолжени за спроведување на Законот за заштита од дискриминацијата. Сите тие се на првите линии на заштитата на човековите права, и треба да бидат свесни за начелата за недискриминација за да можат ефективно да ги применуваат на терен.
Дополнителен примерок од Прирачникот, кој е дистрибуиран до правните практичари, можете да побарате на pravo@soros.org.mk
RMUSP Конкурс за стипендирање на студенти Роми за академска 2013/2014 година
RMUSP објавува конкурс за академско стипендирање на студенти Роми државјани или постојани жители на следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.
КРИТЕРИУМИ Кандидатите треба: • Да се Роми; • Јавно да се декларираат како Роми; • Во следната академска година да се запишат (или ќе бидат запишани) на државен акредитиран универзитет во родната земја на живеење; • Конкурсот важи и за оние кандидати кои во следната академска година допрва, ќе се запишат на универзитет/факултет; земји во кои се спроведува RMUSP програмата се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција. • Да се студенти на додипломски, последипломски или докторски студии; • Да испратат целосно пополнета електронска (оn line) апликација согласно програмските рокови; • Во склоп на електронската апликација, да пополнат изјава за намена (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии; • Во склоп на електронската апликација, да напишат есеј кој ќе се базира на прашањата наведени на електронската апликација; • Да обезбедат официјално уверение за положени испити со оценки од сите завршени академски години како и за последниот завршен семестар септември – декември 2012 година. Кандидатите кои допрва ќе се запишат на факултет, ќе треба да обезбедат заверено сведетелство од последната учебна година, од тековната година. Тековните студенти ќе треба да исполнат услов, од 75% положени испити од претходните академски години. • Во склоп на електронската апликација, да прикачат детална, информативна и релевантна Препорака (барем една), опишувајќи ги академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми; • Да студираат на некои од наведените области: право, јавна администрација, новинарство, политички науки, социологија, психологија, педагогија, филозофија, економија, финансии и банкарство, бизнис администрација, историја, меѓународни односи и Европски студии, комуникологија и односи со јавност, медицина, инженерство, екологија или студии за животната средина, биологија, математика, физика и уметност; • Да обезбедат документ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која кандидатот се пријавува за стипендија.
RMUSP НИВО НА ПОДДРШКА Во рамките на RMUSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии, максимум 8 години на следниве нивоа: • едни додипломски студии, во траење од максимум 4 (четири) години или 3 (три) години (според ЕКТС – Европски кредит трансфер систем), со можност за еден трансфер во друг универзитет/факултет/насока; • едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС - Европски кредит трансфер систем; • едни докторски студии, во траење од максимум 3 години.
ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2013-2014 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу:
Прва фаза/рок – Испраќање на апликација Рок: Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција: 24 МАЈ 2013.
Втора фаза/рок – Испраќање на официјална потврда за редовен студент Рок: 15 Октомври 2013
Официјалните потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку има) – треба да бидат скенирани и прикачени на електронската (on line) апликација.
За подетални информации за програмата можете да се обратитe на националниот координатор: Ајсел Мемет; e-mail: ajsel.memet@soros.org.mk ; телефон: 02/ 2 44 44 88 лок. 107
RHSP Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2013/2014 година
RHSP објавува конкурс за стипендирање на студенти и средношколци Роми кои во академската 2012/13 година биле стипендисти на RHSP програмата и кои студираат или учат на медицински универзитети или средни медицински училишта. RHSP конкурсот е објавен во Бугарија, Македонија и Србија.
КРИТЕРИУМИ Кандидатите треба: • Да се Роми; • Јавно да се декларираат како Роми; • Да се корисници на RHSP стипендија (за академската 2012-2013 година), и да аплицираат со цел да ја обноват нивната апликација за академската 2013/2014 година; • Да испратат целосно пополнета електронска (оn line) апликација согласно програмските рокови; • Во склоп на електронската апликација, да пополнат изјава за намена (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии; • Во склоп на електронската апликација, да напишат есеј кој ќе се базира на прашањата наведени на електронската апликација; • Да обезбедат официјално уверение за положени испити со оценки од сите завршени академски години како и за последниот завршен семестар септември – декември 2012 година или доколку кандидатите се средношколци, сведителство од предходната година и евидентел лист од полугодие 2013. Кандидатите кои допрва ќе се запишат на факултет, ќе треба да обезбедат заверено сведетелство од последната учебна година, од тековната година. Тековните студенти ќе треба да исполнат услов, од 75% положени испити од претходните академски години; • Во склоп на електронската апликација, да прикачат детална, информативна и релевантна Препорака (барем една), опишувајќи ги академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми; • Да обезбедат документ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која кандидатот се пријавува за стипендија.
RHSP НИВО НА ПОДДРШКА Во рамките на RHSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии на следниве нивоа: • средо образование за максимум 4 години; • едни додипломски студии, за максимум 5/6 години (доколку моделот на студирање дозволува), со можност за само еден трансфер/промена на друг универзитет/факултет/ со иста насока на студии; • едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС - Европски кредит трансфер систем; • едни докторски студии, за максимум 3 години
ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2013-2014 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу:
Прва фаза/рок – Испраќање на апликација Рок: 31 МАЈ 2013
Втора фаза/рок – Испраќање на официјална потврда за редовен студент/ученик Рок: 15 ОКТОМВРИ 2013
Официјалните потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку има) – треба да бидат скенирани и прикачени на електронската (on line) апликација.
РЕФ/Програмата за стипендирање во Македонија се спроведува од страна на Фондација Отворено општество-Македонија (ФООМ).
За подетални информации за програмата можете да се обратитe на националниот координатор: Ајсел Мемет; e-mail: ajsel.memet@soros.org.mk ; телефон: 02/ 2 44 44 88 лок. 107
ОТВОРЕНО ПИСМО
Собранието не треба да го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2012 година
СЕДУМНАЕСЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ
Сомнително потрошени 1,3 милиони евра европски пари
Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во соработка со Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ) го објави 17-тиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кој ја анализира работата на Националната агенција за образовни програми и мобилност.
Во извештајот насловен како „Млади во Акција“ нотирани се повеќе случаи на сомнително доделување на средства од Националната агенција кон младински граѓански здруженија, појава која се случуваше и во 2010 година, поради што Брисел ги замрзна средствата наменети за Националната агенција.
Поддршката на УСАИД ги подобрува постигнувањата на Ромите во образованието
Во пресрет на 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, директорот на УСАИД Македонија господин Роберт Вурц, во петокот го посети Центарот за образовна поддршка на Ромите „Дендо вас“ во општина Ѓорче Петров. Овој Центар заедно со уште три други центри во Прилеп и Куманово се вклучени во Програмата на УСАИД за образование на Ромите од 2004 година. Преку програмата годишно околу 200 дечиња на предучилишна возраст добиваат поддршка за подобро да се подготват за поаѓање на училиште, а на 800 основци-Роми им се дава поддршка во совладувањето на училишниот материјал и пишувањето на домашните задачи, со цел да го подобрат успехот и успешно да го продолжат своето образование.
„Денес сум овде за да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите но и да ви честитам на резултатите кои учениците, корисници на Програмата на УСАИД ги постигнуваат во училиштето, со поддршка на едукаторите во овој центар, со поддршка на нивните наставници и се рабира на родителите”, рече Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД во Mакедонија Доброто образование е најважниот предуслов за излез од сиромаштијата и исклученоста. Затоа, Ве охрабрувам сите заедно да продолжиме со своите напори и да им помогнеме на младите Роми успешно да го завршат своето образование за да можат успешно да се натпреваруваат на пазарот на трудот и да се вклучат во сите општествени процеси“.
Програмата на УСАИД за образование на Ромите имплементирана од Фондацијата отворено општество - Македонија е иницијатива од 4.5 милиони американски долари која им помага на преку 1,000 ученици Роми годишно да ја завршат учебната година со што е можно поголем успех. Од почетокот во 2004 г. до денес, 298 средношколци и 89 студенти Роми завршија средно образование и универзитет со поддршка на УСАИД; преку 450 наставници од проектните основни училишта и 156 средношколски наставници добија обука за образование за социјална правда и интерактивни наставни методи.
„Кризата во Европа многу ме загрижува. Животните трошоци се огромни и постојано се зголемуваат. Луѓето имаат тешкотии да врзат крај со крај, ги губат нивните работни места, па дури и нивните домови. Оние кои најмногу страдаат немаа никаква улога во кризата. Но, и покрај овие тешки времиња, верувам во ветувањето на Европа и се надевам дека заедно можеме да покажеме солидарност.“
Денес ја лансираме иницијативата „Солидарност сега“. Посетете ја веб страницата www.solidaritynow.org, погледнете го видеото, и споделете порака за солидарност.
Фондацијата Отворено општество - Македонија(ФООМ) на 20-ти март организираше дебата по повод промоцијата на книгата „Црн понеделник“ ,во која се документирани настаните кои се случуваа пред, за време и по донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.
Започнувајќи ја дебатата, универзитетскиот професор Светомир Шкариќ посочи дека 24-ти декември е денот по кој сите мора да имаат поголема свесност за уставната деградација која и се случува на Македонија. Оттаму, Шкариќ повика на особена будност на правниците бидејќи не само на 24-ти декември, туку и многу пати претходно, владејачкото мнозинство донесувало Закони, и измени на закони, без притоа да се почитуваат уставните одредби и меѓународните декларации. Со тоа, смета Шкариќ, донесените закони стануваат партиски инструмент за остварување на партиски програми, а буџетот е донесен во приватна режија на коалициските партнери во Владата, за нивни партиски цели.
Членките на мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудуваат настанот во трговскиот центар Скопје Сити Мол, чие раководството преку електронска пошта испратена до фирмата „Land Service“, на 9ти Јануари 2013 година, побара лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна.
Потенцираме дека Комисијата за заштита од дискриминација, која вчера преку соопштение го осуди настанот, треба во најкраток временски рок да постапи по предметот и преку свое мислење, во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација, да утврди директна дискриминација врз расна и етничка основа, како резултат на која беше повреден личниот и моралниот интегритет, достоинството и угледот на лицата роми вработени во „Land Service“ и нивната приватност и правото на достапност на секое работно место под еднакви услови. Комисијата за заштита од дискриминација треба итно да поведе прекршочна постапка, со која ќе утврди двојна одговорност за извршена дискриминација, како од страна на одговорното лице така и од страна на правното лице - трговскиот центар Скопје Сити Мол.
Петта сесија од меѓуопштинскиот форум Струга - Дебрца
Проектот „Воспоставување на примарна селекција на органски отпад и набавка на возило за отпад“ доби најголема поддршка од граѓаните на петтата форумска сесија, на која беа презентирани четири проекти од завршната фаза на меѓуопштинскиот проект „Форуми на заедниците“, помеѓу општините Струга и Дебрца.
Проектот треба да се реализира во текот на оваа година, пред почетокот на летниот период, со цел да се изврши процедурата за набавка на предвиденото возило, кое ќе биде ставено во употреба во текот на туристичката сезона.
Проектот „Форуми на заедниците“ во општините Струга и Дебрца се спроведува со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Општина Босилово успешно го заврши проектот „Форуми во заедницата“
На 20 февруари, во Босилово се одржа последната сесија во рамки на проектот „Форуми во заедницата“, на која, пред стотина граѓани, беа презентирани резултатите од проектот, кој во Босилово се спроведуваше од 2011 година.
Фондацијата Отворено општество- Македонија низ структуриран форумски процес, овозможи граѓаните на општина Босилово да ги наменат средствата за потреби кои се покажаа како приоритетни. На последната сесија од форумскиот процес, одржана на 23 февруари 2012 година, граѓаните ги наменија средствата од проектниот фонд за реконструкција на покрив од спортската сала на училиштето во село Турново и за изградба на повеќенаменски јавен објект во село Штука. И двете активности се успешно завршени.
Општина Босилово ги реализираше проектите во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC), со заеднички фонд од 3 600 000 денари.
Поднесени две иницијативи за оценување на уставноста на делови од Законот за социјална заштита
Членките на мрежата за заштита од дискриминација, на 21 февруари, поднесоа до Уставниот суд на Република Македонија две иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредени членови од Законот за социјална заштита, кои се однесуваат на остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост.
Основата на двете иницијативи е содржана во Уставот на Република Македонија, кој предвидува гаранција за правото на помош на немоќните и неспособните за работа граѓани, а на лицата со попреченост обезбедување на посебна заштита и услови за нивно вклучување во општествениот живот. Уставот на Република Македонија ја гарантира социјалната заштита, социјалната сигурност и социјалното осигурување, како права кои важат за секого, секогаш и секаде. Гаранциите на Уставот се дека овие права се сеопфатни, достапни и ефективни за своите граѓани под еднакви услови и без било каков дискриминаторски основ.
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување ад-хок грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку доделување ад-хок грантови за акции на граѓански организации или неформални групи кои адресираат актуелни проблеми на локално, регионално или национално ниво (грантови во износ помеѓу 2.000 и 10.000 американски долари).
За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби и меѓусебно поврзување.
Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои: • директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество; • покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните; • нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките; • применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите; • промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот; • градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.
Нема рок за поднесување на пријавите.
Пријавите може да се поднесуваат секој работен ден и за нив ќе се одлучува континуирано.
Повикот е отворен до 31 август 2013.
Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.
Фондацијата отворено општество-Македонија не е дел од никакви преговори за промена на уставното име на Република Македонија, идентитетот на Македонците или македонскиот јазик. Оваа држава има претседател, премиер, министер за надворешни работи и претседател на Собранието кои се платени од граѓаните за да носат одлуки и да сносат одговoрност за истите. Секое натамошно спомнување на ФООМ во контекст на преговорите ќе го сметаме за груба дезинформација и клевета, обид за нанесување штета и загрозување на угледот и честа.
ФООМ го поздравува вклучувањето на граѓанскиот сектор во изготвувањето Заеднички основен документ
Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) со писмено обраќање до Министерот за надворешни работи, Никола Попоски и Драгана Кемера од Сектор за мултилатерални односи при МНР го поздрави процесот на изготвување на Заедничкиот основен документ и обидот во овој процес да се вклучат здруженијата и фондациите во Република Македонија. Транспарентниот процес на унапредување на правниот систем во РМ, преку вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на приближувањето на македонското законодавство до меѓународните стандарди за човековите права, е основна цел на правната програма на ФООМ.
Едновремено, ФООМ упати забелешки и препораки насочени кон подобрување на квалитетот на Заедничкиот основен документ и негово усогласување со Упатствата за хармонизирано известување во рамките на меѓународните договори за човекови права, вклучувајќи упатства за основниот документ и за извештаите кон конкретните меѓународни договори.
Тајни летови, црни точки и приказни за ужасна тортура.
Одвојте малку време за да погледнете како Амрит Синг од Иницијативата за правда при Институтот Отворено општество ја опишува суровата реалност на кампањата на ЦИА со тајните затвори и тортура, спроведена по 9-ти септември, 2001 година.
Таа го состави првиот извештај од ваков вид, во кој се раскажува приказната за тоа како САД ја користеа својата позиција за да ги придобијат, убедат и да им наметнат на 54 земји да учествуваат во тајните програми на ЦИА.
Од Австралија до Иран, од Канада до Шведска, од Хонг Конг до Индонезија. Списокот е шокантен.
Иако и јас и вие сме слушнале многу приказни за тоа што сè се правело под превезот на војната против тероризмот, сепак бев повторно шокиран од тоа што се правело со тајните програми на ЦИА по 9-ти септември, 2001г.
Овие практики не се карактеристики на едно отворено општество. Само со целосно преиспитување САД можат да се надеваат да го затворат ова срамно поглавје во својата историја.
Отстранете ги слоевите на тајност. Погледнете го и споделете го овој видеозапис.
Со почит, Џорџ Сорос Претседател и основач, Фондации Отворено општество
Тркалезна маса „Односите меѓу Македонија и Бугарија - четврто полувреме“
Односите меѓу Македонија и Бугарија се премногу важни за да им се препуштат само на историчарите
Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Oтворено општество- Македонија (ФООМ) на шести февруари организираа тркалезна маса насловена како „Односите меѓу Македонија и Бугарија- четврто полувреме“, а во чиј фокус беа добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, во контекст на заклучоците на Европскиот совет во декември 2012 година и можностите за решавање на отворените прашања преку рамката за европски интеграции.
Јавор Сидеров, самостоен истражувач и аналитичар од Бугарија, пред присутните порача дека односите меѓу Македонија и Бугарија се премногу важни за да им се препуштат само на историчарите, особено што постои историја која се заборава, а која може да послужи за затоплување на односите. Според Сидеров, решенијата за отворените прашања бараат силна политичка волја, а политичките чинители на историјата мора да гледаат како водич кон иднината а не како инструмент за зајакнување на национализмот, кој на овие простори е дефанзивен и е одлика на национализмот на малите народи.
Четврта сесија од меѓуопштинскиот форум Струга - Дебрца
На 30 јануари, во присуство на стотина жители од двете општини, се одржа четвртата сесија на меѓуопштинскиот форум помеѓу Општините Струга и Дебрца.
На сесијата беа презентирани пет проектни концепти, развиени од работните групи. Концептите развивани на овој меѓуопштински форум беа од областа „Собирање смет“:
1. Воспоставување на систем за Примарна селекција и собирање на отпад во Општините Дебрца и Струга 2. Изградба на стационар за кучиња скитници за Општините Струга и Дебрца 3. Воспоставување на систем за третман на органскиот отпад - поставување на подземни контејнери 4. Изградба на станица за секундарна селекција на отпад за Општините Струга и Дебрца 5. Подготовка на компаратина анализа за третман на отпад во Општините Струга и Дебрца
На следната, 5та форумска сесија, граѓаните кои до сега присуствувале на најмалку три форумски сесии ќе имаат право да учествуваат во изборот на проектот кој ќе биде имплементиран.
Доделени грантови за работни стипендии во граѓански организации
На конкурсот за доделување мали грантови за работни стипендии во граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 31 пријава од граѓански организации. Во согласност со буџетот на проектот, избрани се девет истражувачки предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 21.220 УСД.
Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД. Проектите ќе бидат спроведени во период од шест месеци.
Почитувани колеги свештеници: Додека ја отслужувам казната во затворот во Бирмингем, наидов на вашата неодамнешна изјава во која моите сегашни активности ги нарекувате „погрешни и ненавремени“. Јас ретко одвојувам време за да одговорам на критика за мојата работа и за моите идеи. Ако се обидував да одговорам на сите критики што стигнуваат до моето биро, моите секретари ќе имаа малку време во денот за друга работа освен за таква кореспонденција, а јас воопшто немаше да имам време за конструктивна работа. Сепак, бидејќи сметам дека вие сте луѓе со добра волја и дека вашата критика е искрена, ќе се обидам смирено и разумно да одговорам на вашата изјава.
Мислам дека треба да ја наведам причината зошто сум тука во Бирмингем, бидејќи гледам дека вие сте под влијание на ставот кој се противи на „доаѓањето на аутсајдери“. Јас имав чест да бидам претседател на Јужно-христијанската лидерска конференција, организација која работи во сите јужни земји, со седиште во Атланта, Џорџија. Ние имаме околу осумдесет и пет сродни организации ширум Југот, а една од нив е и Христијанското движење за човекови права на Алабама. Со нашите сродни организации често ги делиме персоналот, образовните и финансиските ресурси. Пред неколку месеци, една сродна организација лоцирана овде во Бирмингем од нас побара да биде вклучена во програмата за ненасилна директна акција, доколку се јави потреба. Ние воодушевено се согласивме, и кога дојде часот го исполнивме нашето ветување. Па така, јас - заедно со неколку членови на мојот персонал – стигнавме овде, бидејќи бевме повикани да дојдеме. Јас сум овде бидејќи тука имам организациски врски.
Повик за учесници во школата за активно граѓанство
Школата за активно граѓанство се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи.
Во рамки на Школата за активно граѓанство, Форум-Цeнтар за стратегиски истражувања и документација (Форум–ЦСИД) објавува повик за трета група учесници кои ќе посетуваат три модули обуки во текот на 2013 година.
Првиот модул ќе се одржи во февруари, вториот во мај, а третиот во декември.
Првиот модул е воведен и тој ќе има за цел да ги запознае учесниците со основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество. Темите што ќе бидат обработувани ќе опфатат: • Вовед во Поимникот за граѓанско општество; • Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор; • Граѓанска иницијатива; • Граѓанинот, неговото/нејзиното место и можноста за активно учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми).
Вториот модул ќе биде насочен кон усвојување и развивање практични алатки поврзани со: • Односи со јавноста и со властите како дел од граѓанскиот активизам; • Комуникација со медиумите; • Говорнички вештини.
Третиот модул е еднодневна средба каде учесниците ќе имаат прилика да ги споделат стекнатите искуства со првата и втората група учесници во Школата за активно граѓанство.
Критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите се: • старосна граница: 18-35 години; • активно членство во граѓанска организација или неформална група.
При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) на координаторката на проектот во Форум-ЦСИД, Соња Исмаил, на е-маил: sonja@forum-csrd.org.mk, заедно со писмо за мотивација.
ГЕМ бара оставки од Вељаноски, Јанкулоска и Груевски
ГЕМ бара оставка од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски заради овозможување на полицијата да изврши упад во собраниската власт, што претставува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија. Одговорноста на Трајко Вељаноски се состои во следново:
1) Прекршување на чл. 70 од Уставот на Република Македонија: „Седниците на Собранието се јавни. Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ Без двотретинска одлука (за работа без присуство на јавноста), Трајко Вељаноски овозможил насилно исфрлање на новинарите од Собранието, кога бил гласан Законот за буџет.
2) Прекршување на други десетина членови од Уставот кои ги уредуваат правата на пратениците и нивниот мандат. Со овозможувањето насилно да се истераат група пратеници од Собранието за време на собраниска расправа, Трајко Вељаноски е одговорен за ускратувањето на нивните уставни права и за повреда на нивниот мандат.
3) Кршење на Законот за Собранието на Република Македонија, особено член 43 став 4: „За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.“ Трајко Вељаноски самоволно донел одлука за спроведување мерки без претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, а дел од нив биле и насилно истерани од собраниската сала, заедно со другите пратеници од опозицијата.
Последователна форумска сесија во општина Гостивар
Во рамки проектот „Форуми во заедниците“ кој се имплементира во општина Гостивар, на 20 декември беше промовиран крајот на инфраструктурниот дел од проектот. На сесијата, на која присуствуваа 75 граѓани, одговорните лица во општината ги презентираа резултатите од препораките дадени од граѓаните до општината, во текот на форумскиот процес.
Во периодот од септември 2011 до декември 2012 година, граѓаните на општина Гостивар имаа можност да партиципираат во серијалот буџетски форуми имплементирани од страна на Фондација отворено општество –Македонија. На петтата форумска сесија по пат на гласање, граѓаните на Гостивар решија средствата од проектниот фонд да бидат наменети за уредување на неуредениот дел од кејот на реката Вардар во општинскиот буџет за 2012 година. До средината на декември 2012 проектот беше завршен. Во текот на форумите, граѓаните на Гостивар упатија 14 препораки до општината, кои се однесуваа на конструкцијата на буџетот за 2012 година.
До крајот на форумскиот процес беа развиени вкупно пет проекти. Еден од нив е и уредувањето на кејот на реката Вардар, финансиран од проектниот фонд. Од останатите четири проекти кои не влегоа во проектниот фонд, три се предвидени и реализирани во рамки на овогодинешниот општински буџет. Реализацијата на последниот проект беше оставена за следната буџетска година.
Објавен повикот за научни трудови за годишната конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан - 2013
Сите заинтересирани млади истражувачи и научници се поканети да аплицираат за учество на годишната конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан која ќе се одржи во Белград, Србија од 23 до 26 мај, 2013 година.
Главни цели на конференцијата:
- Да им пружи можност на истражувачите кои се занимаваат со регионот да се соберат на едно место, да се вмрежуваат, да разменуваат искуства и да дискутираат за нивните истражувачки проекти и резултати; - Да дискутираат за предизвиците, контрадикциите и амбивалентностите во процесот на трансформација на полето на општествени науки во Балканот; - Да дискутираат на теми кои би можеле да бидат опфатени, со цел поефективно да се влијае врз развојот на политики со помош на резултатите од научни истражувања.
Погодни кандидати: Студенти на докторски студии и студенти кои неодамна докторирале (по 2009 година) кои се занимаваат со Западен Балкан, желни да ја презентираат и дискутираат својата истражувачка работа со колегите од регионот и пошироко (особено резултатите од тековните истражувања) во врска со нашата општа тема „Општествени, политички и економски промени во Западен Балкан“.
Поконкретно, трудовите треба да се вклопуваат во една од следниве теми:
1) Полова политика и дискурси 2) Медиумски, политички и општествени дискурси 3) Нови општествени разлики / општествени и економски промени 4) Држави, мрежи и неформалност 5) Миграција, дијаспори и парични дознаки
Трудовите што ќе се презентираат може да опфаќаат општи теми од регионот или да се занимаваат со процесите на промена во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Сите заинтересирани кандидати треба да поднесат една PDF-датотека со кратка биографија (максимум 1 страница), резиме од предложениот труд за конференцијата (максимум 300 зборови) и кратко писмо за мотивација (максимум 1 страница) најдоцна до 19 јануари, 2013 г. на delia.imboden@unifr.ch и rrpp@unifr.ch
РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
Македонија некаде на дното на истражувачката мапа
Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 20-ти декември организираше дебата на тема „Вмрежување и мобилност во општествените науки: Каде сме на истражувачката мапа?“ на која се анализираа состојбите во областа на мобилноста и вмрежувањето, кои се можностите и која е институционалната поддршка во креирањето услови и обезбедувањето развој на научно-истражувачката дејност во Република Македонија преку меѓународната соработка.
Маја Бојаџиевска, професор на Филолошкиот факултет и модератор на дебатата, ја подвлече важноста за дискусија на оваа суштествена тема и изрази жалење што ниту на оваа, ниту на претходните дебати не учествувале оние кои се најповикани. Проф. Бојаџиевска оцени дека темата на вмрежување и мобилност се надоврзува на претходните дискусии и изрази надеж дека на оваа дебата нема повторно да стигнеме до поразителни резултати кои ја дефинираат праксата и реалноста, наспроти пишаното во рамките на законите и правилниците.
Доделени грантови за заеднички акции на граѓански организации
На конкурсот за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 78 пријави од граѓански организации. Во согласност со буџетот на проектот, избрани се четири предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 56,413 УСД.
Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Проектите ќе бидат спроведени во период од 5 до 8 месеци.
Форумски сесии во општините Струга, Дебрца и Могила
Програма форуми во заедницата продолжи со реализација на форумските сесии во општините Струга, Дебрца и Могила и во декември 2012.
Четвртата сесија на меѓуопштинскиот форумски процес, меѓу општините Струга и Дебрца, се одржа на 6 декември. На сесијата, осумдесетина граѓани од двете општини ги разгледуваа концептите од кои ќе бидат развиени проекти за реализација. Одобрување од форумот за понатамошна доработка добија следните предлог проекти: изградба на соодветна депонија; воспоставување систем за третман на органски отпад; изградба на станица за примарна селекција на отпад; воспоставување систем за собирање отпад и рециклирање на отпад.
Од овие концепти, на наредната форумска сесија, со гласање ќе се изберат проектите за реализација
Меѓународна конференција за проектот плаќање по учинок -“Отворено за плаќањето по учинок: Кој добива, кој губи?”
На 16-ти декември, со почеток од 10.00 часот во хотел Холидеј Ин, Милениум 1, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија се одржа меѓународна конференција за проектот плаќање по учинок -“Отворено за плаќањето по учинок: Кој добива, кој губи”.
Целта на конференцијата беше преку дебата заснована на научен пристап, со податоци и искуства од други европски земји, да понуди одговори на неколку клучни прашања: Кој добива, кој губи од оваа реформа? Кои се опасностите и каде се можностите при дизајнирањето на реформите поврзани со плаќањето по учинок? Како да се направи успешен проект?
ПРОЕКТ „ТРАНСПАРЕНТНА И ЕФИКАСНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА“
Промоција на истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги - „Гласот на граѓаните“
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, во 12 општини - партнери ќе го промовира извештајот насловен како „Гласот на граѓаните“ а кој што го опфаќа истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија во 2012 година.
Овој извештај се базира на теренско истражување за мерење на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти во 2012 година. Со оглед на фактот дека вакво истражување се прави трета година по ред, може да се направи споредбена анализа на трендот на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти за периодот 2010, 2011 и 2012 година.
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВДА ПРИ ФОНДАЦИИТЕ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО
Европскиот суд ја оправда борбата за правда поврзана со вонправната екстрадиција
ЊУЈОРК, 13.12.2012- Европскиот суд за човекови права денес ја оправда долгата потрага за правда на Калед Eл Масри, германски државјанин кој пред девет години беше жртва на акција за вонправна екстрадиција спроведена од страна на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА). Во својата одлука со која поставува правило, Европскиот суд понуди досега најсеопфатна осуда од страна на судско тело за она што го нарекува „тортура“ од страна на ЦИА за време на кампањата за вонправни екстрадиции на лица осомничени за тероризам, којашто беше лансирана по нападите од 11-ти септември врз Соединетите Американски Држави.
Дополнително на осудата за неоснованото апсење, затворање и испрашување на Ел Масри, судот утврди и дека таканаречените техники за „шок при апсење“ што ги примениле агентите на ЦИА при подготовката на неговото вонправно екстрадирање со авион во Авганистан вклучуваат деградирачко малтретирање коешто претставува тортура. Понатаму, одлуката на судот утврдува дека наводите на Ел Масри за малтретирањето на коешто бил подложен во период подолг од четири месеци додека бил притворен од страна на САД се „веродостојни без каков било сомнеж“.
Успешно завршен првиот циклус мали училишни интеркултурни иницијативи
На 12-ти декември беа претставени резултатите од првиот циклус на проектот Мали училишни интеркултурни иницијативи реализиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, во рамките на Програмата за образование на Роми на УСАИД, а во соработка со четири партнерски невладини организации и седум основни училишта од општините Прилеп Куманово и Ѓорче Петров.
Споменка Лазаревска, директор на програмата за образование во ФООМ, зборуваше за целите и активностите на Програмата, а за постигнатите резултати рече дека ќе остави да зборуваат оние кому оваа програма им е наменета, учениците и наставниците. Понатаму таа накусо ги објасни целите на малите грантови наменети за основни училишта вклучени во проектот.
ДЕБАТА „ЗАШТИТЕНИОТ СВЕДОК - ПОМЕЃУ ПРАВНАТА ДРЖАВА И ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА”
Заштитениот сведок го ограничува правото на одбрана
Посебната истражна мерка за прикривање на идентитетот на заштитените сведоци во Македонија е полна со недоречености и контрадикторности. Честопати само исказот на заштитениот сведок е доволен за покренување обвинение и пресуда, голем број од досегашните заштитени сведоци биле обвинети во истото или некое друго кривично дела, а постоеле и случаи каде што иако сведокот бил со скриен идентитет, сепак сите знаеле за кого станува збор. Ова се дел од заклучоците изнесени на дебатата насловена како „Заштитениот сведок - помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права“, одржана на десетти декември во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет и Институтот за човекови права.
Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на обуки за градење капацитети на граѓанските организации за надгледување и застапување.
Обуките имаат за цел да им обезбедат на претставниците на граѓанските организации соодветно знаење и вештини за надгледување на властите и застапување.
Во периодот декември 2012 – април 2013 ќе бидат спроведени 10 обуки на следните теми: - Пишување документи за ефективни политики - Работилници за застапување - Процесот на пристапување во ЕУ - Мониторинг на трошењето јавни пари - Мониторинг на процесот на спроведување на децентрализацијата, и - Методологии за истражување и мониторинг.
Кандидатите за учество на овие обуки треба да ги исполнуваат следните критериуми: - Активно членство во граѓанска организација или неформална група - Да покажат интерес и разбирање за клучни прашања за граѓанскиот сектор на локално и/или регионално ниво - Да покажат интерес за надгледување на работата на државните институции на локално и регионално ниво.
Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 16-ти декември 2012 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на obuki@soros.org.mk.
Бројот на учесници е ограничен. Кандидатите може да се пријават за една или повеќе теми, при што максимум двајца претставници од иста организација може да бидат прифатени за една тема. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групите. Учеството на обуките е без надомест. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуките во горенаведениот период. Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик од страна на искусни обучувачи на темите наведени погоре.
Повеќе информации на: 02/ 24 77 131 Катерина Николова
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
Повик за учество
Работилница за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за поднесување пријави за грантови: Рефлексија на пријавите поднесени на првиот циклус за грантови
Проектот на УСАИД за граѓанско општество има за цел да ги поддржи граѓанските организации во нивните напори за надгледување на властите и застапување, градење на своето членство и мобилизирање на граѓаните за суштински демократски прашања на локално и на национално ниво.
Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на работилница која е дизајнирана да послужи како алатка за учење и размислување на граѓанските организации кои сакаат да поднесат пријава за грант во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Во текот на работилницата, учесниците ќе можат да:
- дознаат повеќе за успешните апликанти и да ги идентификуваат најголемите предности на досега поддржаните проекти; - ги евалуираат најчестите грешки на граѓанските организации во рамки на првиот повик за доделување грантови и да ги разберат најголемите слабости во пријавите за грантови; - ги идентификуваат можните начини за зајакнување на нивните капацитети за планирање на проекти; и - се вмрежат со граѓански организации со слични мисии и други потенцијални партнери.
Кандидатите за учество во оваа работилница треба да ги исполнуваат следниве критериуми: - активно членство во граѓанска организација или неформална група; - да покажуваат интерес за и разбирање на клучните граѓански прашања на локално и/или национално ниво.
Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават до 12 декември 2012 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на info@reactor.org.mk.
Во зависност од бројот на пријавени кандидати, ќе бидат организирани неколку работилници помеѓу 17-25 декември 2012 година. Се очекува кандидатите да бидат во можност да присуствуваат на еднодневна работилница во текот на овој период. Ќе се направат напори да се прифатат сите заинтересирани кои ќе се пријават, па поради тоа бројот на пријавени од една организација е ограничен на две лица.
Повеќе информации на: 02/3245-536 - Тамара Атанасовска
Ромите и имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти
Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), Здружението за хумано домување Хабитат Македонија и Здружението Национален ромски центар (НРЦ), на 30 ноември 2012 година, одржаа тркалезна маса „Ромите и имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти – состојби и предизвици“, на која учесниците разговараа за состојбите со спроведувањето на Законот за постапување со бесправни објекти и предизвиците со кои се соочува ромската заедница.
Славица Инџевска, програмски директор во ФООМ, отворајќи ја дебата истакна дека проектот „Легализација на домувањето за Роми“, финансиран од Ургентниот фонд за надминување на последиците од економската криза на Фондациите Отворено општество, Канцеларијата за ромски иницијативи од Будимпешта и Хабитат Македонија, а директно имплементиран од Хабитат и НРЦ, има за цел да им помогне на ромските семејства да ги легализираат бесправно изградените домови и со тоа го остварат човековото право на домување, како клучен услов за интеграција на маргинализираните групи.
ПРОМОЦИЈА НА „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ 1870 – 1912“
Книга која говори за постојаноста на македонскиот идентитет
Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) на 29-ти ноември го промовираше македонското издание на книгата „Борбата за македонскиот идентитет 1870 – 1912“ од авторот Ник Анастасовски, издадена во 2006 година како докторски труд на Универзитетот Викторија во Австралија.
Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин подвлече дека периодот опфатен во книгата е период во кој во Европа, а и на Балканот се појавува и втемелува поимот нација и период во кој завршува владеењето на Отоманската империја. Период во кој Македонците немале ниту еден официјално признаен елемент кој ја одредува нацијата , како што се јазикот, црквата, културата, образованието, па оттаму македонскиот народ бил под постојан притисок и обиди за асимилирање од останатите соседни народи. Говорејќи за идентитетот, Милчин истакна дека Македонците успеале да го сочуваат идентитетот во тие бурни времиња и го постави прашањето дали денес, кога имаме своја држава и ги имаме сите елементи на нација, сме доволно силни да го зајакнеме и продлабочиме идентитетот, особено ако се земе предвид фактот што луѓе кои потекнуваат од тука, а живеат далеку од Македонија, прават многу повеќе за идентитетот, а имаат значително помалку ресурси.
На 23 ноември во општина Могила се одржа четвртата форумска сесија од серијалот буџетски форуми. На сесијата, 83 граѓаните имаа можност да ги слушнат предлог програмите за општинскиот буџет за 2013 година, кои општинската администрација ги конципирала врз база на дискусиите и предлозите дадени на претходните три форумски сесии.
Предлозите за инфраструктурни проекти, кои е потребно да се планираат во буџетот за 2013 година, се однесуваат на следните општински проблеми: изградба на Чешма, асфалтирање на пат – Бераница, легализација на приклучокот за струја во спортската сала, именување на улици во општината и оформување на сточен пазар.
Со свое излагање пред присутните се обрати и градоначалникот, Славко Велевски, а во рамките на форумската сесија беа објаснети правилата за избор на приоритетна програма и проекти кои ќе бидат финансирани од буџетот на програмата „Форуми во заедницата“ и општината.
Македонската лустрација е општествено штетен процес
Правната програма на Фондацијата Отворено – општество Македонија на 28-ми ноември ја промовираше книгата „Македонската лустрација (1999-2012) – настани, изјави, наслови; Примена на лустрациските прописи“, како дел од програмата со која Фондацијата прославува дваесет години постоење.
Историчарот Харлд Шенкер истакна дека од историски аспект лустрацијата претставува инструмент на морална и политичка деквалификација на општеството, кој зависи од процесот на транзиција, но и од суровоста на минатиот режим. За Шенкер, важно е по смена на системот, што побрзо да се започне лустрација, бидејќи тогаш таа е најефикасна како инструмент, а нејзиното спроведување многу зависи и од јавната дебата за лустрација, момент кој во Македонија не е доволно присутен.
Промоција на книгата „Македонските деца - дедовци: Транснационалната политика на меморијата, егзилот и враќањето 1948-1998“ од Кит Браун
Антрополошки документ за колективниот идентитет на децата бегалци
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) на 27-ми ноември одржа дебата и промоција на книгата „Македонските деца-дедовци: Транснационалната политика на меморијата, егзилот и враќањето 1948-1998“ од Кит Браун.
Зборувајќи за авторот на делото, модераторот на дебатата, претседателката на Управниот одбор на ФООМ, Гордана Дувњак истакна дека и покрај блиските пријателства што Браун ги одржува со луѓе од Македонија, тој сепак има непристрасен пристап кон судбината на децата-бегалци, и дека неговото пишување е ослободено од дневно-политичките влијанија кон таа тема. Понатаму, додаде Дувњак, ставовите на Браун во однос на Граѓанската војна во Грција не се поклопуваат со ставовите на мнозинството историчари, но Браун создавал книги кои се отворени за дебата, а не се финални документи.
Нашите пари се на Владата, а нејзините долгови се наши
Фондацијата отворено општество – Македонија на 2-ти ноември ја организираше трибината „Чии се нашите пари“ на која се дебатираше за постојаното задолжување на државата, висината на долгот, неговата одржливост и последиците од задолжувањето врз целокупната економска состојба во Македонија.
Целта за организирање ваква трибина според модераторот на трибината, новинарката Ида Протуѓер е да се подигне свеста кај граѓаните дека парите со кои располага Владата не се нејзини, туку дека се на сите граѓани на Република Македонија, а преку изборите, граѓаните само ги делегираат оние партии кои ќе победат да имаат право на управување со државните пари. Право, кое според Протуѓер, носи голема одговорност на домаќинско користење на буџетските пари.
Проекција на документарниот филм „Чекајќи го неизбежното“
Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Здружението ХОПС - Опции за здрав живот, на 23-ти ноември, одржа дебата и проекција на документарниот филм „Чекајќи го неизбежното“. Филм кој дава приказ на судските постапки по полициската акција „сузбивање на уличната проституција“ во ноември 2008 година, кога сексуалните работници/чки беа приведени и присилно тестирани за ХИВ и хепатитис Ц.
Нинослав Младеновиќ советник на постојаниот координатор на ОН за ХИВ/СИДА, (УНАИДС) се задржа на правните елементи во европските судски системи и препораките изработени од УНИДС во однос на темата. Младеновиќ ги презентираше измените на Законите во повеќе европски земји со кои се прават обиди да се стави крај на криминализацијата кон маргинализираните групи, со посебен акцент на сексуалните работници/чки, односно измени кои доведуваат до декриминализција на несвесното пренесување на ХИВ/СИДА. Младеновиќ изрази надеж дека ќе се поведе постапка за измена на членот 205, со што би се отстраниле можностите за негова злоупотреба.
РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
Избегнувањето на почитувањето на законите, немањето издржана стратегија и програми за поддршка и недостатокот на финансии главната кочница во развојот на научно истражувачката дејност
Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 22ри ноември организираше дебата на тема „Поддршка на истражувањата во општествените науки – предизвици и перспективи“.
Отворајќи ја дебатата, новинарката Билјана Јовановска истакна дека ситуацијата со институционална поддршка за младите истражувачи во општествените науки воопшто не е розова, а згора на се постои и неоправдан молк од академската и стручната јавност.. „Има премалку пари за финансирање на истражувачки проекти и многу ретко се финансираат проекти во општествените науки. Владата целосно ги маргинализира општествените науки, со што се отвора сомнеж за намерно маргинализирање на општествените науки, бидејќи тие ја создаваат критичката мисла која е двигател на општеството.
ПРОМОЦИЈА НА СТУДИЈАТА „ПАРЛАМЕНТАРНАТА КОНТРОЛА НАД ВЛАДАТА ВО РМ“
Собранието е под целосна доминација на владата
Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), на 21 ноември 2012, во рамките на одбележувањето на својот 20-годишен јубилеј, организираше промоција на четвртото издание од едицијата „Примената на законите под лупа“ посветено на парламентарната контрола над Владата. Сите учесници на промоцијата и дебатата се согласија дека во овој момент Парламентот не ја остварува својата уставна функција како контролор врз Владата, туку, дека Владата е таа која остварува комплетна доминација врз Парламентот.
„Локалниот и регионалниот развој – потенцијал или параван?!“
Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија на 20-ти ноември, 2012 година организираа конференцијата на тема „Локалниот и регионалниот развој – потенцијал или параван?!“ на која главен фокус беше напредокот на процесот на децентрализација во Македонија и предизвиците на локалниот и регионалниот развој.
Конференцијата ја отворија Гордана Дувњак, претседателка на Управниот одбор на ФООМ, Роберт Вуртс, директор на УСАИД во Македонија и Зоран Дамјановски, потпретседател на ЗЕЛС.
Одржани форумските сесии во општините Липково и Могила и меѓуопштинскиот форум во Струга и Дебрца
Во рамките на проектот „Форуми во заедницата“, во ноември се одржаа форумски сесии во четири општини во Македонија. Проектот го зајакнува граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, со цел да го унапреди партнерството меѓу локалните субјекти и да изнајде поефикасни решенија за проблемите кои се од интерес на локалната заедница.
Втората форумска сесија од серијалот меѓуопштински форуми, меѓу општините Струга и Дебрца, се оддржа на 1 ноември во Дебрца, со учество на стотина граѓани од двете општини. Во текот на сесијата, граѓаните ги истакнаа проблемите со загадувањето на животната средина и потребата од итно решавање на проблемот со отпадот, а секоја работна маса предложи по пет начини/ предлози како да се решат проблемите кои ги имаат овие две општини. До следната сесија на меѓуопштински форум, која ке се одржи во општина Струга, овие предлози ќе бидат развиени во проектни концепти.
ПРОМОЦИЈА НА „ДЕЦАТА НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА, БЕГАЛЦИТЕ И ПОЛИТИКАТА НА СЕЌАВАЊЕТО“
Прогонот на македонските деца бил систематско разбивање на македонското национално јадро во Грција
Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) на 16-ти ноември организираше промоција на книгата „Децата на Граѓанската војна во Грција, бегалците и политиката на сеќавањето“ од Лоринг М. Денфорт и Рики ван Бусхотен која претставува научно дело во кое успешно се комбинирани архивските извори со етнографското теренско истражување на двајца автори кои пишуваат за Граѓанската војна во Грција и програмите за евакуација на 38.000 деца.
Говорејќи за историскиот аспект на книгата еден од промоторите, Тодор Чепреганов, директорот на Институтот за национална историја истакна дека евакуацијата на децата од Егејска Македонија во изминативе децении не го добила заслуженото внимание од историчарите, но во последните години сè почести се публикациите кои се занимаваат со прогонот на децата – бегалци. Иако евакуацијата на македонските деца се претставувала како хумана акција за нивно поштедување од ужасите на војната, прогонот на македонските деца бил систематско разбивање на македонското национално јадро во северна Грција, заклучи Чепреганов.
Проектитис - холандската болест на финансирањето од ЕУ за Ромите
Анализа на финансирањето на Ромите од страна на ЕУ
Постои една болест која го засега ромското граѓанско општество во Европската унија, слично како холандската болест – која јас ја нарекувам „проектитис“. Холандската болест го поврзува зголемувањето на расположливите природни ресурси со намалувањето на производството и една парадоксална економска рецесија. Во мојата анализа го застапувам гледиштето дека експлозијата на достапни средства за инклузија на Ромите (ако не се анализира сериозно) доведува до значително зголемување на производството на хартија, реториката, скапите состаноци и севкупното намалување на ефикасноста на државните пари и работата на граѓанските иницијативи, како и до ерозија и исчезнување на некои од најважните столбови на ромското граѓанско општество. Оваа анализа може да се примени и за граѓанското општество воопшто, но мојата стручност ми дава поголем легитимитет да изнесувам аргументи конкретно за ромското граѓанско општество.
Експлозијата на европските пари на располагање за инклузијата на Ромите оди рака под рака со некои значителни проблеми. Ако не се справиме со овие проблеми тоа ќе доведе до катастрофа. Некои тврдат дека веќе имаме катастрофа.
Аргументите овде не се против европските фондови или Рамковната стратегија на ЕУ за Ромите. Сметам дека тие се многу потребни, бидејќи во спротивно земјите-членки со бројно ромско население веројатно ќе продолжат да не преземаат ништо за справување со анти-ромското расположение и исклученоста на Ромите. Многу позгодно за владите од Централна и Источна Европа е тивко да ја поттикнуваат миграцијата на Ромите и да бараат од Европската унија да ги реши „нивните" проблеми (со Ромите). Во минатото, во многу наврати високи официјални претставници не се двоумеа да исцртаат многу јасна, но сепак расистичка линија помеѓу „нив“ (Ромите) и „вистинските“ граѓани на земјите.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ГОСПОД НЕ Е ГОЛЕМ“ ОД КРИСТОФЕР ХИЧИНС
Делото на Хичинс како повод за религиска дебата во Македонија
Фондацијата Отворено општество - Македонија на деветти ноември организираше дебата по повод издавањето на македонски јазик на книгата „господ не е голем“ од Кристофер Хичинс, познат британски новинар, писател и оратор, оригинално издадена во 2007 година во тираж од половина милион примероци.
Отворајќи го настанот, модераторот Билјана Бејкова посочи дека дебатата и промоцијата на „господ не е голем“ не случајно се случува на 9-ти ноември, токму на истиот ден кога во 1989 година падна Берлинскиот ѕид. Ден, кога според Хичинс била ослободена една голема човечка енергија и дека токму таквиот настан како падот на берлинскиот ѕид и крајот на студената војна покажуваат колку на човекот не му се својствени послушноста, потчинетоста и ропството. Според Бејкова, главниот мотив на Хичинс е да предизвикува и да дебатира. „Хичинс беше убеден дека конфликтот е пожелен. Сметаше дека зборовите единство и обединување имаат голема привилегија која не ја заслужуваат. Во последното интервју за БиБиСи истакна: Јас не сум обединувач, јас сум разединувач. Сметам дека единствено разединувањето може да донесе прогрес. Политиката по својата дефиниција е разединување. Одбивам некој да ми каже што и како да мислам, што да речам, како да пишувам, особено не некој кој верува во фикции“ подвлече Бејкова.
Композицијата „Kheljar Man“ на Шутка Рома Рап на компилацијата „The Womeximizer 2012“
Композицијата „Kheljar Man“ односно „Разиграј ме“ на „Шутка Рома Рап“ се најде на компилацијата „The Womeximizer 2012“. На цедето се сместени нумери од 20 најинтересни изведувачи од овогодинешниот издание на светскиот музички саем „Вомекс“, кој се одржа од 17 до 21 октомври во Солун. На реномираниот настан, „Шутка Рома Рап“ се претстави на сцената „Клуб Глобалкан“ посветена на музиката од Балканот. Тие беа меѓу деветте изведувачи кои од дури 300 пријавени беа избрани да настапат на оваа бина.
Регионална програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан
Комерцијалната Томсон листа не може да биде предуслов за напредување во академската и научната кариера во општествените науки
Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 6ти ноември организираше дебата на тема „Колку Законот за научно-истражувачка дејност овозможува академска извонредност во општествените науки“.
Според Ирена Цветковиќ, модератор на дебатата, дебата е организирана со цел да го отвори прашањето за чувствителноста на критериумите за вреднување и унапредување на академска извонредност во подрачјата на општествените науки во однос на научните вредности што ги одредува Законот за научно-истражувачка дејност. Оттаму, се дискутираше за критериумите по кои се вреднуваат академските трудови на македонските истражувачи, за фаворизирањето на Томсон базата на академски списанија и за нејзиниот Импакт Фактор како референта листа на цитирање.
Промовирано фототипското издание на првата англиска верзија на „Граматика на македонскиот јазик“
Фондацијата Отворено општество - Македонија на петти ноември го промовираше фототипското издание на “Граматиката на македонскиот јазик“ од Хорас Лант.
Отворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин истакна дека во време кога има сè помалку грижа за македонскиот јазик, кога се негира значајноста на Блаже Конески и се сече поврзаноста со словенството, издавањето на оваа книга, Фондацијата го чувствува како потреба во заштитата на македонскиот јазик и нација, наспроти бројните обвинувања дека ФООМ води антидржавни политики. Милчин потсети дека „Граматиката“ на Лант, во времето на издавање, била силен научен аргумент спроти негирањето на македонскиот јазик од страна на соседите, негирање кое се случува и денес.
Перспективите на Македонија – со полна пареа до декември 2012
Со конференцијата „Шанса или предизвик“ на теми за напредокот на евроинтегративните процеси, а во организација на ФООМ и МЦЕО, на 2 ноември започна одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество - Македонија.
„Денешната конференција е важна и суштински и симболички, со неа се одбележува 20 годишнината од постоењето на ФООМ , но и 10 години од постоењето на Македонскиот центар за европско образование, посветен партнер нашите напори на планот на пристапувањето на РМ во ЕУ. Ние го следиме интересот на граѓаните на Република Македонија“, рече Владимир Милчин.
Македонската територијална организација пример за Молдавија
Во рамките на студиската посета на високата делегација на Молдавија, дел од проектот „Обезбедување трансформации преку спроведување административно - територијални реформи“, на 2 ноември се одржа тркалезната маса „Територијалната организација во Македонија“. На тркалезната маса говореа проф. Д-р Јове Кекеновски, проф. Ризван Сулејмани, Горан Ангелов, Аце Коцевски и други експерти, активни учесници во процесот на административна и територијална организација на Република Македонија.
Дванаесетчлената висока делегација на Молдавија, составена од: Државниот канцелар и Заменик државниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Молдавија, претседатели на регионалните совет на Хинести, Унгени, Сороса, Орфеи, Теленести и Леова, градоначалникот на општина Миндрести, како и претставници од НВО секторот, престојува во Македонија од 29 октомври. Делегацијата ги посети општините Гостивар, Велес, Аеродром, Илинден и Кавадарци, како и Градот Скопје и се запозна со македонското искуство во спроведувањето на административно територијалните реформи. За време на посетата, членовите на делегацијата се сретнаа со претставници на Министерството за локална самоуправа, градоначалници, граѓански организации, универзитетски професори и други експерти, вклучени во процесот на децентрализација на Република Македонија.
Делегацијата од Молдавија ќе ги пренесе искуствата стекнати за време на студиската посета во дизајнирањето на сопствениот модел на територијална организација.
Студиската посета е дел од проектот „Обезбедување трансформации преку спроведување административно - територијални реформи“, реализиран од страна на Институтот за динамичен развој "Сфера Нова" од Република Македонија и Бизнис Консалтинг институт (BCI) од Молдавија, со цел да се разменат искуства од областа на територијалната организација, децентрализацијата и нивна ефикасна примена во пракса. Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамките на програмата East-East Beyond Borders.
Реакција од 58 организации до Државната комисија за спречување корупција
Реакција од 58 организации до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за утврдените потреби да се воведе обврска за доставување анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси од страна на членовите на извршните органи на граѓанските оганизации
58 организации денеска, 31 октомври, испратија Реакција до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за утврдените потреби од страна на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за измена на (1) Законот за здруженија и фондации, (2) Законот за спречување корупција и (3) Законот за спречување судир на интереси согласно Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавите на судир на интереси со Акционен план за 2011-2015 година.
Имено, 58 организации се обраќаат до претседателката на ДКСК со цел да ги истакнат забелешките и сугестиите во врска со дел од предвидените решенија за надминување на констатираните проблеми во Секторот XI – Медиуми и граѓанско општество од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавите на судир на интереси со Акционен план за 2011-2015 година (Државни програми со Акционен план). Во Државните програми со Акционен план наместо зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата се утврдува потреба од менување на правната рамка за граѓанскиот сектор, со што би се наметнале нови обврски кои се спротивни на основната цел, улогата и активностите на граѓанскиот сектор - да биде “watchdog” или контролор врз работата на јавниот сектор.
За 58-те организации е нејасно врз основа на која анализа, препораки и/или компаративна пракса ДКСК утврдила потреба да се воведе обврска за доставување анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси од страна на членовите на извршните органи на граѓанските оганизации. Активноста за пријавување на имотната состојба и судирот на интереси за членовите на извршните органи во граѓанскиот сектор (што би ги опфатило председателите, извршните директори и членовите на Управните одбори) според Државните програми со Акционен план е спротивна на меѓународната регулатива од областа за спречување корупција, посебно на Конвенцијата на ООН против корупцијата
58-те организации не сакаат да веруваат дека ДКСК има намера да предложи преку измена на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судир на интереси воведување на обврски за граѓанскиот сектор што единствено ќе значи контрола од јавниот сектор врз граѓанскиот сектор, а во суштина треба да е обратно, бидејќи по дефиниција граѓанскиот има улога на “watchdog” врз работата на јавниот сектор. Затоа, бараме од ДКСК ревидирање на Секторот XI – Медиуми и граѓанско општество од Државните програми со Акционен план во кој овие предлози ќе бидат земени предвид.
Одржани форумските сесии во општините Карпош, Липково и Могила
Во рамките на проектот „Форуми во заедницата“, во октомври се одржаа форумски сесии во три општини во Македонија. Проектот го зајакнува граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, со цел да го унапреди партнерството меѓу локалните субјекти и да изнајде поефикасни решенија за проблемите кои се од интерес на локалната заедница.
Четвртата форумска сесија во општина Липково се одржа на 18 октомври, во присуство на 104 граѓани. На сесијата беа презентирани деветте предлог проекти кои работните групи ги завиваа во текот на форумскиот процес. Сите предлог проекти беа одобрени да одат на гласање на наредната, петта форумска сесија. Предлог проектите од кои граѓаните ќе изберат кој да се реализира се следните: асфалтирање на улиците во Општина Липково; изградба на детско игралиште со опрема за играње; осветлување на дворот на „Медицинскиот центар“и купување на медицинско возило за потребите на општината; централно греење во ОУ „7 Март“; чистење на речното корито во Липково и на дивите депонии; реконструкција на ОУ „Риљинда“; реконструкција на ОУ „Фаик Коница“; реконструкција на системот за водоснабдување во Ваксинце, Оризаре, Отлја и Матејче и реконструкција на мостот на локалниот пат Слупчане – Оризаре.
Во општина Карпош, на 19 октомври, во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ се одржа петата, претпоследна форумска сесија од проектот „Форум на Заедницата“. Во присуство на повеќе од 200 учесници, од предложените пет предлог проекти, за финансирање од проектниот фонд, граѓаните го избраа проектот „Подобрување на условите за реализација на воспитно образовната работа и намалување на оперативните трошоци во ЈУОДГ Пролет“ со вкупен буџет од 5.607.802,00 денари.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изрази задоволство од големото присуство и интерес од граѓаните, како и од квалитетот на изработените проекти и даде ветување дека проектите кои нема да се финансираат од проектниот фонд на програмата ќе бидат финансирани од други извори. Јакимовски најави дека следната година општината ќе предвиди средства за спроведување на Форумски сесии во секоја од месните заедници, со цел граѓаните самите да детектираат и одлучат кои се приоритетите.
Во општина Могила, проектот продолжи со реализација на втората сесија од серијалот буџетски форуми, на 23 октомври. На форумската сесија, стотина граѓаните имаа можност да се запознаат со различните основи на приходи во општинскиот буџет и со остварените приходи во 2012 година. Едновремено, пред граѓаните беа презентирани развојниот план на општината и стратешките приоритети за 2013 година. Граѓаните дискутираа и за можностите за зголемување на приходите во буџетот.
Македонија: Владата мора да ги заштити ЛГБТИ лицата од дискриминација
Неодамнешниот напад врз Центарот за поддршка на лезбејки, геј мажи, бисексуалци, трансродни лица и интерсексуалци (ЛГБТИ) во Република Македонија ја нагласува итната потреба за заштита преку закон од сите форми на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, рече Амнести Интернационал денес.
Во утринските часови на 24 октомври, канцеларијата на ново-отворениот Центар за поддршка на ЛГБТИ заедницата во главниот град Скопје беше каменувана и неколку прозорци беа скршени. Според полицијата, нападот бил извршен во текот на ноќта од страна на три маскирани лица. За среќа, во тој момент во објектот немало лица и никој не е повреден.
Дискриминацијата врз ЛГБТ заедницата во Македонија и потребата од закони за недискриминација се добро познати и документирани. На пример, на 10 октомври 2012 година, Европската комисија извести дека „Лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните лица, односно ЛГБТ заедницата трпи постојана дискриминација и стигматизација.“ Комисијата, исто така, ја повтори својата загриженост дека дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација сè уште не е вклучена во Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Два дена подоцна, на 12 октомври, Министерот за труд и социјална политика, одговорен и за заштита од дискриминација, наместо да ја признае потребата за гарантирање на правата на ЛГБТ заедницата, ја искористи можноста на конференцијата на УНИЦЕФ за да го изрази своето несогласување со заложбите за еднакви права на брак за ЛГБТ лицата. Подоцна, тој го повтори својот став на една национална телевизија, и на неговиот личен фејсбук профил. Премиерот Груевски, исто така, ги критикуваше повиците за овозможување еднакви права на брак, при што ова прашање го поврза со опаѓачката стапка на наталитет во земјата.
Досега, македонските власти не успеаја во Законот за спречување и заштита од дискриминација да ја вклучат заштитата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, иако законот е во сила од 1 јануари 2011 година. Освен тоа, не постојат никакви законски одредби за истрага и прогон на кривчни дела од омраза, вклучително и оние сторени врз основа на сексуалната ориентација или родовиот идентитет.
Амнести Интернационал ги повикува македонските власти да гарантираат ажурни, непристрасни и ефективни истраги за секој напад врз животот или имотот на ЛГБТИ лицата или организациите. Сите наводи за хомофобични или трансфобични мотиви треба да бидат детално истражени и сите лица за кои постојат доволно докази за сторени кривични дела треба да бидат изведени пред суд.
Владата треба веднаш да преземе мерки за измени и дополнувања на законодавството за недискриминација, со цел да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за заштита од дискриминација. Освен тоа, во отсуство на законодавство коешто забранува кривични дела од омраза, владата треба, без одложување и во консултации со ЛГБТ организациите, да донесе вакви закони, коишто посебно ќе ги вклучат кривичните дела од омраза врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како и етничката припадност, расата, родот и другите основи признати во меѓународните стандарди.
На крајот, Амнести Интернационал ги повикува Премиерот, Министерот и сите други јавни функционери и владини претставници јавно да ги осудат дискриминацијата и насилството врз ЛГБТИ лицата.
Обука: “Стратешко водење на постапките во кои е одобрена бесплатна правна помош”
Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Македонското здружение на младите правници (МЗМП) од 19 до 21 октомври 2012 година во Охрид организираше обука на тема: “Стратешко водење на постапките во кои е одобрена бесплатна правна помош”. На обуката учествуваа овластените здруженија и дел од регистрираните адвокати за бесплатна правна помош кои имаа можност да се стекнат со знаења за стратешкото водење постапки, значењето, употребата и ефектите кои можат да бидат постигнати од стратешкото водење на постапките. Со учесниците на обуката, кои работеа практично на идентификување и развивање предмети за стратешко водење, работеа Даријан Павли, адвокат од Отворено општество Иницијатива за правда (Open Society Justice Initiative) и Филип Медарски, адвокат од Скопје. Дополнително, учесниците имаа можност да се запознаат и да стекнат знаења за постапката пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург како ефикасно средство за стратешко водење на постапките.
Ни се случува транзиција кон варварски капитализам
Актуелните политичко-економски случувања, локалните проблеми на граѓаните и состојбата со граѓанските слободи беа прашањата кои се дебатираа на третата последователна дебата на граѓанската иницијатива „Граѓани за европска Македонија“ (ГЕМ) одржана на 18-ти октомври во Прилеп.
Отворајќи ја дебатата, Роберто Беличанец со многу емоции оцени дека неговото родно место станало пример за тоа како актуелната власт преку ноќ ги префарбува идентитетот и историјата на македонскиот народ, земајќи го како пример префарбувањето на прилепскиот участок, кој како симбол на фашистичка Бугарија насекаде имал иста боја. „И ден денес во Бугарија сите участоци ја имаат задржано поранешната боја, која била симбол на фашизмот, само овде участокот е префарбан. Тоа префарбување е пример за сè она што во моментов ни се случува. Властите ни ја префабуваат и историјата и идентитетот“ заклучи Беличанец, додавајќи дека добар дел од народот е доведен во ситуација да моли по партиски штабови за работно место, и на луѓето мора да им се помогне да се извадат од таквата ситуација.
На 8 октомври, во Ресторанот „Колта“, беше одржана првата форумска сесија од буџетскиот форум во општина Могила, на која градоначалникот Славко Велевски им се обрати на шеесетина присутни граѓани.
Граѓаните имаа можност да се запознаат со форумскиот процес и одликите карактеристични за буџетскиот форум. По утврдувањето на структурата на форумот и поделбата по работни маси, присутните се запознаа со активностите за реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за 2012 година, а се дискутираше и за приоритетите за развој на општината во 2013 година.
Следната форумска сесија во Могила ќе се одржи на 22 октомври 2012 година.
Наместо да штити, Министерот за труд и социјала дискриминира
Организациите Коалиција ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници’, Фондација отворено општество – Македонија, Македонски хелсиншки комитет, ЛГБТ Јунајтед и ХОПС, на заедничката прес- конференција, одржана на 14 октомври, реагираа на неколкуте последователни вознемирувачки и дискриминаторски изјави на Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Заедничка стратегиска определба на организациите е залагање за интеграцијата на општествено маргинализираните групи, па оттука го црпат легитимниот интерес за спротивставување на изјавите дадени кон хомосексуалните лица и двојки.
Организациите со големо жалење констатираа дека во изминативе неколку дена владејачката структура, во името на освојување на гласачкото тело, ја продолжува бескрупулозната и недемократска тенденција на манипулација со популистички аргументи и мобилизација на класичните предрасуди и стравови на општата популација. Изјавите од 2006 г во изборната кампања, кога ВМРО дојде на власта, тогаш од страна на Антонио Милошовски, а со кои тој правеше поделба на македонското општество на здраво и болно, пришто здравиот сегмент од општеството беше резервиран за хетеросексуалната брачна репродуктивна двојка, деновиве беа продолжени од страна и на Министерот за ТСП, Спиро Ристовски. Големо е разочарувањето кога ваквите изјави доаѓаат токму од институцијата која треба да застане во заштитата од дискриминација, и уште поважно, во промоцијата на недискриминациските принципи и вредности. Големо е разочарувањето дека владејачката структура, онаа којашто очигледно ја претставува Минситерот во својата функција на претставник на сите граѓани на РМ, го продолжува својот сензационалистички и недемократски монолог по однос прашањето на семејството, бракот, и конечно, истополовите заедници.
Коментари на ФООМ и МЦЕО за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година
Годинава, како и претходните, Фондацијата Oтворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) изготвија компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија за периодот 2009-2012 година со надеж дека на тој начин подобро ќе се согледа темпото со кое нашата држава се приближува или оддалечува од Европската унија (ЕУ). Годинава компаративната анализа ја насловивме „Европски розови облачиња“, бидејќи кога се анализира Извештајот 2012 наспроти задачите од Пристапното партнерство и проблемите веќе забележани во претходните извештаи, се добива појасна претстава за тоа која е вистинската динамика на пристапување на нашата држава кон Европската унија, која воопшто не е розово.
Направената анализа наведува на неколку општи заклучоци:
1. Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) успеа да ја врати европската интеграција во реформската агенда на Република Македонија. Ги поздравуваме и дополнителните напори на Европската комисија (ЕК) насочени кон изнаоѓање на решение за спорот со името со Република Грција со надеж дека конечно ќе се одблокираат европските интеграции. Меѓутоа, анализата на „розовите“ страници на, според Владата најпозитивниот Извештај досега, покажува нешто друго - проблемот со името не е единствениот проблем кој стои на патот на македонските евроинтеграции. Ако трезвено ги погледнеме деталите, неодминливо ќе заклучиме дека враќањето на европската агенда е повеќе на реторичко и симболичко ниво (наместо меѓусебни напади Груевски и Филе пишуваат заеднички колумни или Владата повеќе не шири евроскептицизам) отколку на реално и суштинско ниво (решавањето на проблемите во судството, справувањето со корупцијата и намалувањето на невработеноста и сиромаштијата). Деталната анализа покажува дека Македонија има сериозен проблем со напредокот во реформите.
Милчин: Во Македонија денес е опасно да се биде малцинство од кој било вид
Професорот Владимир Милчин, истакнат режисер чиишто претстави со децении наназад ја воодушевуваат публиката и критиката ширум светот, веќе речиси 20 години е прв човек на Фондацијата Отворено општество Македонија, една од најголемите невладини организации кај нас. Оваа улога, неговото, условно речено, политичко дејствување, како и критичкото опсервирање на системот, општеството и власта, и во минатиот еднопартиски систем, а и сега, се причини поради кои професорот Милчин е во честа конфронтација со владејачките структури, кои кон него употребуваа(т) една широка палета на форми на притисок – од полициско следење, па се до јавно етикетирање, стигматизирање и обиди за јавно дискредитирање. Со него разговараме за граѓанскиот активизам и активното граѓанство, кондицијата на граѓанскиот сектор, влијанието на политиката и односот на медиумите кон оваа општествена сфера, состојбата со човековите и малцинските права во земјава.
АКТИВ: Која е Вашата оценка за кондицијата на граѓанскиот сектор денес? Дали граѓанските организации ја остваруваат својата општествена улога, или пак се во право критичарите, кои ги обвинуваат невладините за затвореност во кабинети, работа со затворен круг на луѓе на обуки, семинари и немање директен допир со ситуацијата на терен и вистинските потреби на граѓаните?
Милчин: Не сум сигурен дека разбирам што подразбирате под „општествена улога на граѓанските организации“. Нивната улога ја определуваат членовите, кога станува збор за здруженијата, или управните одбори, кога станува збор за фондациите. Не може ниту да се бара ниту да се очекува ист пристап и исти резултати од институционализирани организации кои експертски и континуирано го набљудуваат трошењето на јавните пари, од една страна, и неформални иницијативи кои изразуваат негодување против одделни постапки на власта. Едното не го исклучува другото. И не треба. И едното и другото се легитимни облици на дејствување во граѓанското општество. Полицентричноста и плурализмот се суштински карактеристики на невладиниот сектор. А во обвинувањата што ги спомнувате има и едно што во еден глас го пеат и Латас и некои активисти од крајната левица. Демек, Фондацијата отворено општество – Македонија била виновна што кај нас нема вистински граѓански сектор! Се разбира, без ниту еден вистински аргумент кој би го поткрепил обвинувањето.
Да не им одмолчиме на оние кои ни ги загрозуваат слободите
Граѓанската иницијатива „Граѓани за eвропска Македонија“ (ГЕМ) на десетти октомври организираше јавна дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Крива Паланка на која се разговараше за состојбата на граѓанските слободи во Македонија.
Роберто Беличанец ја отвори дебатата со осврт на Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој според него дополнително ќе ја ограничи слободата на говор. За Беличанец, Предлог-законот и неговиот амин од ЕУ, се начин власта да ги направи поединците безгласна буква. „Кога ќе ви го одземат правото на говор и мислење, и кога ќе немате канали на комуникација ни за да се пожалите за нешто, тогаш престанувате да постоите како единка“ порача Беличанец.
Слободата не може бескрајно да се ужива, без постојано да се бориме за неа, смета Жарко Трајаноски, особено во ситуации кога постојат сили кои со сите напори се борат да ја укинат.
Осврнувајќи се на актуелниот извештај на Европската Комисија и претстојните локални избори, Бранко Героски смета дека ЕУ ќе стои цврсто зад актуелниот премиер сè додека нема посериозни проблеми во владеењето на Груевски, на пример масовни протести. За Героски клучно за изборите ќе биде тие да бидат фер и демократски, и народот конечно, на фер избори, да го искаже своето убедување и да го порази Груевски, бидејќи како што смета Героски никој од Брисел или Вашингтон нема да ги реши овдешните проблеми.
За Владимир Милчин последните случувања предизвикуваат срам, кој според него веќе е еднаков на револуција. Постојат лица, смета Милчин, кои плукаат и навредуваат само ако се затскриени зад анонимноста и толпата, на кои не смее да им се премолчува.
За Мерсел Биљали последниот извештај на ЕК е подарок за граѓаните, а не заслуга на Владата. Тој смета дека преговорите со ЕУ можеа да започнат уште во 2006 година, но провокациите со антиквизацијата го блокираа процесот. Според Биљали сите граѓани го чувствуваат притисокот од оваа власт, а најдобар доказ за тоа се над 60-тината илјади млади кои за десет години ја напуштиле државата.
Граѓаните на Крива Паланка го искажаа своето разочарување од моменталната ситуација, стравот од притисокот на локалните моќници, како и незавидната економска ситуација која присилува сè поголем број граѓани да ја напуштаат Крива Паланка и околината.
ГЕМ ќе организира уште неколку јавни дебати ширум Македонија со цел да ја развијат демократската култура на дијалог, но и да ги унапредат демократските вредности како што се отвореноста, критичноста, ангажираноста и активизмот на граѓаните.
Граѓанската иницијатива „Граѓани за eвропска Македонија“ на четврти октомври организираше јавна дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Кавадарци, на која беа разменети ставови и согледувања за граѓанските слободи.
Започнувајќи ја дебатата, Бранко Героски истакна дека живееме во авторитарно, недемократско и тоталитарно општество, а предуслов за излез од таквата ситуација е развивање на слободарскиот дух на граѓаните на Македонија. Осврнувајќи се на сегашната општествено – политичка ситуација и претстојните локални избори, Героски потенцираше дека мора да се бараат и нудат практични решенија од сите политички субјекти.
Прва заедничка форумска сесија меѓу општините Струга и Дебарца
Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) започна со реализација на новиот циклус на Програмата „Форуми во заедницата“, во општините Струга и Дебарца. Програмата ја финансираат општините и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во Струга, на првата форумска сесија одржана на 27 септември, присуствуваа 110 жители од двете општини. На првата сесија од циклусот меѓуопштински форуми беше воспоставена структурата на форумот и беа формирани тематски поделени работни маси. Работните маси ќе работат на дефинирање на проекти кои треба да бидат разработени до крајот на 5-тата форумска сесија.
Следната сесија на меѓуопштинскиот форум ќе се одржи кон крајот на октомври, во с. Мешеишта, на територија на општина Дебарца.
Работилница - Од мониторинг во заедницата и применета анализа на буџет до подобрување на имунизација на децата Роми
Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), во партнерство со Мрежната програма за јавно здравство од Њујорк, организира дводневна работилница - Од мониторинг во заедницата и применета анализа на буџет до подобрување на имунизација на децата Роми. Настанот ќе се одржи во период 4-6 октомври 2012, хотел Милениум, Охрид.
Обуката е наменета за грантистите на ФООМ кои работат на проекти од областа на здравствените права на Ромите и проекти за мониторинг во заедницата.
Целта на планираната работилница е изработка на интегрирана стратегија за застапување и акционен план, како и и подобрување на практиките поврзани со мониторингот во заедницата и применетата анализа на буџетот за идната година, кои ќе бидат функционални на национално и локално ниво.
Законот за слободен пристап до информации е добар, но не се спроведува целосно
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и понатаму не се имплементира правилно. Иако од неговото стапување во сила изминаа шест години, граѓаните и институциите се уште имаат проблеми при добивање на информации од јавен карактер. Ова се генералните заклучоци во анализата за имплементација на Законот, изработена од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) која беше претставена на 27 септември 2012, еден ден пред „Меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Презентирајќи ги наодите во анализата, Данче Даниловска, оцени дека Законот е добар но проблематична примената, и тоа на повеќе нивоа. „40 отсто од поднесените 732 барања беа обжалени пред Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, дури половина од поднесените жалби се заради молчење на администрацијата“ истакна Даниловска.
Од поднесените жалби може да се забележи дека локалната власт е помалку отворена од централната . Од 255 барања поднесени до единиците на локалната самоуправа во 41,6 отсто од случаите имало молчење на администрацијата. Покрај тоа, имателите на информации со општи или нејасни одговори се обидуваат да избегнат давање на информациите. Таков бил случајот со „Комисијата за верификација на факти“ каде што биле обжалени дури 119 од вкупно 123 поднесени барања. Комисијата на поднесените барања одговарала нејасно или општо или препорачувала да се посети нејзината веб страна, на која што не се наоѓаат бараните информации.
Анализата покажува дека е доведена во прашање и независноста на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. „Комисијата е во незавидна позиција со исклучително скромен буџет кој споредено со 2007 година е намален за 30 отсто. Поради тоа голем број од предвидените активности за 2011 година останале нереализирани. Исто така постои и кадровски проблем, се уште непополнети човечки капацитети во нејзиниот Секретаријат, а за избор на двајца членови на Комисијата се чекаше повеќе од една година“ стои во Анализата.
Заклучокот на ФООМ е дека Законот формално постои, но давателите на информации наоѓаат начин за заобиколување и не даваат информации. Иако за септември годинава била планирана измена на Законот, од Правната програма на ФООМ, оценуваат дека Законот е добар и не треба да подлежи на промени, туку да се работи на негово целосно спроведување.
Анализата ќе биде публикувана на македонски и англиски јазик во текот на месец ноември, по повод одбележувањето на 20 годишнината на ФООМ.
Приоритетните цели се поставени недоволно амбициозно
Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 18-ти септември организираа дебата на која беа изнесени наодите од следењето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) преку анализа на исполнувањето на целите и мерките од Оперативниот патоказ.
Генерален заклучок на десеттината говорници од граѓански организации, кои одблиску ги следат областите опфатени со Оперативниот патоказ, е дека мерките и целите кои се содржани во Патоказот се нецелосни, недоволно амбициозно поставени, и главно на техничко ниво, без намера да понудат вистински решенија за клучните проблеми. Исто така, заклучено беше дека голем број од проблемите во реалноста, а кои пак се составен дел на петте области дефинирани во Оперативниот патоказ (слобода на изразување, владеење на право, јавна администрација, изборно законодавство и пазарна економија), не се воопшто вклучени. Невладините организации се согласија дека изостанува суштинска инклузивност на процесот, односно граѓанскиот сектор е вклучен само во две од областите и тоа слобода на изразување и избори, а за останатите три области вклучувањето е само формално, т.е. на ниво на формални средби на кои се информирани за постигнувањата и напредокот во реализацијата на целите и мерките.
Правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија на 14 септември, го одржа вториот брифинг на тема лустрација, со цел да ги информира новинарите за содржината на добиените одговори на 238-те испратени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Главен фокус на истражувањето што го спроведува ФООМ е работењето на Комисијата за верификација на фактите, и нејзините законски и практични капацитети да го спроведе процесот на лустрација во согласност со меѓународните стандарди за почитување на човековите права.
ФООМ во јули оваа година испрати вкупно 238 барања за пристап до информации од јавен карактер до институциите кои имаат надлежност во процесот на спроведување на лустрацијата. Институциите доставија одговор за 85 проценти од барањата, од кои дури 63 проценти се обжалени поради несоодветен одговор. Останатите 15 проценти од барањата беа игнорирани од институциите. И покрај тоа што Законот за лустрација, определува дека истиот ќе се спроведува во периодот до отпочнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како момент од кој се смета дека отвореноста на институциите е загарантирана, вкупниот број од 69 проценти обжалени барања говори дека пристапот до информации не се остварува.
Комисијата и покрај тоа што одговори на сите прашања, всушност, 87 пати повтори дека барањето на ФООМ за пристап до информации од јавен карактер е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија не може да го подведе ова барање под ниту една форма предвидена во Законот. На останатите 36 барања на Комисијата не ѝ пречела прашалната форма, па во својот одговор нѐ упатува на нејзината веб страница, на линкот каде се поставени шестмесечните извештаи на Комисијата.
Вредно за споделување е и тоа дека дури 8 барања се преупатени од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање до Комисијата, за кои сѐ уште не сме добиле никаков одговор. Според ова е очигледно дека главниот актер во спроведувањето на Законот за лустрација нема намера да ја информира јавноста за начинот на кој го води овој битен процес со кој би требало да се овозможи понатамошната демократизација на македонското општество.
Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН): Како досега, а како отсега?
Во организација на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), на 18 септември 2012 година, во вторник, во 11 часот, во ГЕМ клубот (Менада, Стара чаршија), ќе се одржи дебатата Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво: Како досега, а како отсега?.
На дебатата ќе бидат презентирани наодите на МЦЕО од следењето на креирањето и спроведувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) како и резултатите од анкетата која МЦЕО ја спроведе за инклузивноста и значењето на ПДВН. Во продолжение ќе следат излагањата на претставниците на релевантни граѓански организации кои одблизу следат една или повеќе од приоритетните области опфатени со ПДВН (медиуми, владеење на правото, јавна администрација, изборна реформа, економија) во кои ќе бидат изнесени нивните наоди, искуства и идеи поврзани со ПДВН.
Панелисти ќе бидат: Бојан Маричиќ (МЦЕО), Роберто Беличанец (Центар за развој на медиуми), Маргарита Цаца-Николовска (Институт за човекови права), Фани Каранфилова-Пановска (Фондација Отворено општество-Македонија), Ана Јаневска (Транспарентност Македонија) и Билјана Стојановска (Институт за европска политика), а модератор Андреја Стојковски.
Македонскиот состав „Шутка Рома рап“ на 18 октомври ќе настапи пред музичката елита на годинешното издание на еден од најзначајните светски музички настани, „Вомекс“ (Ворлд мјузик експо). Секое издание на манифестацијата, која на едно место собира илјданици музички професионалци (новинари, организатори на фестивали, музички агенти), се одржува во различна европска метропола. Годинава, „Вомекс“ ќе се случува од 18 до 20 октомври во Солун, Грција. Раперите од „Шутка Рома рап“ придружувани од бенд во живо ќе свират на „Глобалкан“ сцената. Тие беа избрани меѓу деветте изведувачи од повеќе од 300 пријавени. Идејата зад „Вомекс“ е настапите на музичарите да ги погледнат еминентни претставници од музичката фела и со тоа да се отворат можности за ангажмани и договори за престојната година. Дополнителен успех е тоа што една песна на „Шутка Рома рап“ ќе се најде и на престижната компилација „Womeximizer“ на која се сместени нумери од 15 до 20 најинтересни изведувачи на „Вомекс“.
Проектот „Шутка Рома рап“ стартуваше во 2010 година. Фондацијата Отворено општество – Македонија ја издаде комплицијата „I Šutka Tani Mo Than“ (Шутка моето родно место). На цедето се најдоа неколку рапери од Шуто Оризари кои обработуваат различни теми од нивното секојдневие во оваа скопска населба. Албумот беше одлично оценет од светската музичка јавност, а поради тоа се формираше бенд за концертните потреби во кој влегоа четворица од раперите кои што беа и на цедето. Тие настапија на повеќе реномирани европски фестивали меѓу кои и „Сигет“ во Унгарија и „Роскилде“ во Данска. Но годинава бендот влезе во нова фаза од својот животен пат и во составот влегоа четворица нови ромски рапери додека од старата екипа останаа само тројца. Новиот албум со оваа постава е во завршна фаза, а веќе постои интерес од дискографската куќа „Пирана мјузик“ од Берлин, Германија за издавање на цедето.
Коментари на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција
Во недостаток на јавна дискусија во процесот на подготвување на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) испрати денеска (12 септември 2012) коментари на Предлог законот до Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, искористувајќи ја така единствена прилика за дискусија на значајните измени кои се прават со овој предлог закон.
ФООМ, во текот на 2008 и 2009 година, го поддржуваше процесот на донесување на новиот Закон за кривична постапка, кој е на сила од ноември 2010 година, во соработка со Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Мисијата на ОБСЕ во РМ, ОПДАТ (Overseas Prosecutorial Development, Assistance and Training, The US Department of justice) и Министерството за правда. Во периодот од две години беа организирани повеќе од 20 стручни расправи за секоја од подобластите кои се опфатени со Законот за кривична постапка.
Имајќи предвид дека донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за полиција (предлог законот) се носи, во најголема мера, заради усогласување со Законот за кривична постапка, ФООМ смета дека е од исклучително значење да се задржи духот на јавна расправа за решенијата кои ги содржи предлог законот, и со тоа ќе се придонесе за повисок степен на инкорпорираност на стандардите за заштита на човековите права во домашното законодавство.
И покрај низата недоследности за кои ФООМ смета дека ги содржи предлог законот, особено во одредбите кои се однесуваат на лишувањето од слобода, коментарот испратен до Шеќеринска се задржува на собирањето, обработката, анализирањето, проценувањето, оценувањето, користењето, пренесувањето и бришењето на личните податоци, како и на недоволните процесни гаранции на сторителите на прекршочни дела кои, во согласност со законот, можат да бидат лишени од слобода.
Прва средба на грантистите од Проектот на УСАИД за граѓанско општество
Четириесетина претставници од граѓанските организации поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество учествуваа на првата средба во Маврово одржана на 6 и 7 септември. Учесниците имаа можност да научат како се подготвуваат стратегии за комуникации и застапување, да се запознаат со начините и процедурите за известување, мониторинг и евалуација, но и да се запознаат со активностите на секој од поддржаните проекти.
Проектот на УСАИД за граѓанско општество поддржа 23 проекти во две категории: поддршка за граѓански организации што дејствуваат како демократски јадра во нивните заедници и поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања, во вкупен износ од 494.115 УСД. Проектите опфаќаат широк спектар на области: развој и поддршка на демократски процеси на локално ниво, подготовка на граѓански буџет, права на ЛГБТ заедницата, иницијативност во рурални заедници, волонтерски сервис, граѓански активизам, независно судство, заштита на животната средина и др. (Листата на сите грантисти можете да ја најдете на следниов линк)
Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.
Зашто, сите документи објавени од комисијата за верификација имаат печат на Државниот архив, а од таму ни одговорија дека не поседуваат соработнички досиеја!?
10.09.2012
Интервју со Владимир Милчин, професор на ФДУ и извршен директор на Фондацијата Отворено Општество Македонија. Sky: Г-дине Милчин, власта продолжи да ви се одмаздува за вашите активности во граѓанскиот сектор. Иако e јасно дека не сте биле соработник на службите Комисијата за верификација по втор пат ве прогласи за соработник. Кои ќе бидат вашите следни активности во врска со лустрацијата?
Владимир Милчин: „Лустрацијата го урива владеењето на правото“, изјави амбасадорката на Холандија во Македонија во интервјуто објавено во „Граѓански“ од 8 септември. Таа го потврди она на што укажувавме ние неколкумина уште кога беше објавен предлогот за првиот закон за лустрација. Денес, по стапувањето на сила на третиот, најлошиот закон, напнувајќи се лустрацијата да ја сведе на компромитација, власта успеа само да ја компромитира лустрацијата како концепт. Кога станува збор за мене, јас веќе поднесов тужба во Управниот суд против решението на комисијата. Неделава ќе поднесам и кривична пријава против медиумите кои побрзаа да ме наклеветат така што извештајот против Шишков што го поднесол извесен соработник „Мишо“ ми го припишаа мене. Следниот чекор ќе биде кривичната пријава против „претседателот без мандат“.
Но, за љубопитните читатели поинтересни може да бидат сознанијата што ФООМ ги доби преку одговорите на прашањата што им ги постави на државните институции на 27 јуни 2012 година. На прашањето: Со колкава бројка на досиеја на соработници располага Државниот архив на РМ, ни беше одговорено: Државниот архив не поседува соработнички досиеја! На прашањето: Колкав процент од вкупниот број на досиејата за соработници отпаѓа на соработниците до 1991 година, Агенцијата за разузнавање одговори дека е конституирана на 1 јануари 1998 година, што веројатно треба да значи дека нема досиеја од претходниот период. На истото прашање МВР одби да одговори зашто тоа била класифицирана информација. Одби да одговори и на прашањето: Со колкава бројка на досиеја за соработници располага УБК? И тоа била класифицирана информација!
Па кого тогаш лустрира мнозинството на Аџиев, доколку соработниците се невидливи и заштитени со тајност? Мојот одговор гласи: Жртвите кои поради идеолошки и политички причини биле изложени на претходна оперативна обработка (ПОО), а сега се одново оцрнети како „кодоши“. Зашто, сите документи објавени на веб-страницата на комисијата која божем верификува факти имаат печат на Државниот архив кој, така одговори неговиот директор со потпис и печат, не поседува соработнички досиеја!
Од овие и од другите одговори на државните институции до кои упативме прашања користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер произлегува дека Аџиев и мнозинството во комисијата се соучесници во кафкијански монструозен заговор, кој треба да произведе докази дека Македонија од 1944 до 2006 година била најкодошката држава на светот и пошироко. Заклучно со 25 јули 2012 година, Аџиев побарал од Агенцијата за разузнавање проверка на фактите за вкупно 10.268 граѓани, 2482 актуелни носители на јавни функции, 2802 кандидати за јавни функции и 4984 бивши носители на јавни функции (кој знае дали се сите живи).
Работилница - Користење на медиумите во застапувањето за промени насочени кон унапредување на здравјето на Ромите
Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), во партнерство со Мрежната програма за јавно здравство од Њујорк, организира дводневна работилница - Користење на медиумите во застапувањето за промени насочени кон унапредување на здравјето на Ромите. Настанот ќе се одржи во периодот 11-13 септември 2012, хотел Метропол, Охрид.
Обуката е наменета за грантистите на ФООМ кои работат на проекти од областа на здравствените права на Ромите и проекти за мониторинг во заедницата. Целта на планираната работилница е јакнење на капацитетите на невладините организации, чиј фокус е здравјето на Ромите, за користење на медиумите како алатка за застапување за промени и унапредување на здравјето на ромската популација во Македонија.
Обучувачка ќе биде Mary Joyce, консултантка на Програмата за медиуми и здравство (подпрограма на Програмата за јавно здравство на ФОО, Њујорк), основачка на проектот Мета-активизам.
Водени од потребата за поефикасна примена на Законот за бесплатна правна помош ФООМ и здруженијата ја следат неговата примената од самиот почеток. Како резултат од работата објавени се два извештаи во 2010 и 2011 година. Овластените здруженија директно преку својата работа ги идентификуваа клучните недостатоци и проблеми кои се појавија при спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош. За недостатоците јавно укажуваа при промоцијата на годишните извештаи и беше потенцирана потребата од итна измена на Законот за бесплатна правна помош.
Утврдените недостатоци од примената на Законот за бесплатната правна помош здруженијата ги сублимираа во документ за јавна политика со наслов „Како граѓаните на Република Македонија да добијат квалитетен Закон за бесплатна правна помош?!“, кој беше испратен до Министерството за правда. Министерството за правда го препозна работењето на овластените здруженија и официјално побара од Македонското здружение на млади правници – Скопје (МЗМП) да номинира член во работната група која е формирана за измена и дополнување на Законот за бесплатна правна помош. Во работната група МЗМП ќе се застапува за подобрување и проширување на можностите за граѓаните да го користат овој закон, но и ќе се залага за подобрување на положбата на здруженијата како даватели на претходна правна помош и олеснување на законските услови за стекнување на овластувањето.
Документот за јавна политика можете да го преземете тука.
На првиот конкурс за доделување грантови во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 175 пријави од граѓански организации. Во согласност со буџетот на проектот, избрани се 23 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од УСД $494,115 (подолу е дадена листата на грантистите).
Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД. Одбраните проекти ќе бидат спроведени во период од 6 до 12 месеци. ФООМ ќе обезбеди вмрежување, обуки и консултации за сите грантисти.